Почетна » Новости » Истражувања » 20 нешта кои прават жените да се чувствуваат посамоуверени и поубави

20 нешта кои прават жените да се чувствуваат посамоуверени и поубави

Најмалите нешта како комплимент од пријател или партнерот, гушкање, насмевка од непознат, нежни мазни нозе и слушањето на љубовните зборови „Те сакам“ можат да придонесат многу за зголемување на самодовербата на жените.

Среќна жена

Според истражување за британската кампања „Ready To Glow“, спроведено со 2.000 учеснички, жените веднаш се чувствуваат посамоуверени и поубави кога:

  1. Ќе добијат комплимент од пријател или партнерот;
  2. Имаат совршено стилизирана коса, нова фризура или нова боја на косата;
  3. Изгледаат прекрасно на фотографија;
  4. Имаат свилено мазни нозе;
  5. Добро ќе се наспијат навечер;
  6. Добиваат прегратки;
  7. Ќе слушнат „Те сакам“;
  8. Ќе се вратат од одмор со убав тен;
  9. Ќе им се насмевне непознато лице;
  10. Имаат нова долна облека;
  11. Некој ќе им каже дека изгледаат млади;
  12. Некој ќе ги запраша од каде си купиле нешто;
  13. Се беспрекорно облечени;
  14. Дете ќе им каже „Убава си“;
  15. Ќе се разбудат со чиста кожа без акни;
  16. Носат облека која го покажува нивниот омилен дел од телото;
  17. Имаат убаво искубени веѓи;
  18. Некој ќе ги покани на љубовен состанок;
  19. Ќе си направат нов маникир;
  20. Имаат целосно нашминкано лице.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11129 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.