Почетна » Новости » Занимливости » Џек Блек изненади 13-годишно девојче болно од рак кое мечтаело да го запознае

Џек Блек изненади 13-годишно девојче болно од рак кое мечтаело да го запознае

Џек Блек постојано мами насмевки низ светот со своите улоги во филмовите, а сега успеа да ѝ измами насмевка на 13-годишна девојка која се бори со рак.

55-годишниот актер, кој во моментов е најактуелен со улогата на Стив од „A Minecraft Movie“, ја изненади Саша, која сонувала еден ден да го запознае бидејќи ѝ е омилен актер. Храбрата девојка преку видео повик имаше можност да позборува со него и да му ја отпее хит-песната „Steve's Lava Chicken“ од „A Minecraft Movie“.

Џек Блек

„Се борам со рак веќе три години. Ми имаат отстрането три ребра и дел од мојот череп. Веројатно тоа е најтешкиот дел – да изгубиш дел од себеси“ – му рече Саша на Џек.

„Ти си неверојатно дете“ – ѝ возврати тој.

Пред да биде прекинат разговорот, Саша побара од Џек да му ја одглуми хит-сцената во која тој извикува „Chicken Jockey“.

@isaiahgarza @Jack Black surprised a 13 year old fan battling cancer on her birthday Can we wish Sasha a happy birthday, tiktok?! #beautiful #wholesome #jackblack ♬ original sound - Isaiah Garza
Џек Блек

Саша страда од рак на коските, поради кој морало да ѝ биде отстранет и дел од черепот, а за својата битка често споделува фотографии на социјалните мрежи.

Џек Блек Џек Блек Џек Блек

Изненадувањето беше организирано од Исаија Гарза, кој во минатото растел во сиромаштија, а бил и бездомник. Инспиративниот хуманитарец сега е интернет ѕвезда и посветено исполнува желби.

Покрај изненадувањето со Џек, тој ѝ подари и 1.000 долари на Саша.

Џек Блек

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25407 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.