Почетна » Новости » Занимливости » „Ќерките не се бескорисни“: Моќна објава на хирург за девојка-донор која го спасила животот на татко си

„Ќерките не се бескорисни“: Моќна објава на хирург за девојка-донор која го спасила животот на татко си

Објавата на Рачит Бхушан Шриваства, хирург од Индија, за кратко време го обиколи светот. Тој во неколку кратки реченици ја раскажа приказната на девојка која станала донор на црн дроб и го спасила животот на својот татко. Хирургот ја адресира својата емотивна порака најмногу до оние кои сметаат дека ќерките се бескорисни.

Прочитајте ја неговата објава означена со хаштагот „храбра ќерка“:

„Постојат херои во вистинскиот живот кои не веруваат во зборови како што се СРЕЌА, СТРАВ и НЕВОЗМОЖНО. Кога луѓето велат дека ЌЕРКИТЕ се бескорисни, таа е одговорот за нив. Девојка која ја познавам лично, но таа е за мене ХЕРОЈ кој се подложи себеси на трансплантација на црн дроб и го спаси животот на својот татко. Се гордеам со тебе, девојко. Има толку многу да се учи од луѓето како неа. Господ да те благослови, Пуџа Биџарниш“.

Хирургот, чија објава стана вирална, им се заблагодари на сите оние кои ја споделија веста и на својот профил напиша: „Ви благодарам за поддршката што ја покажавте за овој мал херој, кој е сега инспирација за многумина. Се надевам дека со прегледувањето на оваа објава, многу луѓе ќе започнат да придонесуваат за доброволната трансплантација на органи. Секој спасен живот е добиена битка“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11995 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.