Почетна » Новости » Занимливости » „Ќерка ми тргна во градинка денес, но јас сум таа што научи важна лекција... Убавината не доаѓа од облеката“

„Ќерка ми тргна во градинка денес, но јас сум таа што научи важна лекција... Убавината не доаѓа од облеката“

Мајка го раскажа своето искуство од првиот ден во градинка на ќеркичката за да сподели важна лекција, а тоа е дека убавината не доаѓа од облеката и дека децата не треба да се принудуваат да носат нешто што не го сакаат.

Кристин Лансфорд напиша текст во кој сподели дека ѝ имала купено прекрасно фустанче на ќеркичката Аби за почетокот на нејзиниот престој во градинка, но дека таа одбила да го носи и облекла маица и кратки панталони.

На почетокот, Кристин се обидела да ја принуди Аби повторно да го облече фустанот за да биде како сите други девојчиња, но потоа сфатила дека тоа е погрешно и ѝ дозволила да биде она што е. Еве го нејзиниот текст и фотографиите од ќеркичката:

Аби

Денес му беше првиот ден во градинка на моето мало девојче и сè се одвиваше совршено додека не наближи времето за поаѓање. Таа одлучи дека повеќе не сака да го носи неодоливото фустанче кое ѝ го купив (и во кое веќе ја фотографирав за задолжителната фотографија од првиот ден во тоа училиште).

Уф! Се разбира, јас веднаш почнав да ѝ зборувам дека изгледа многу слатко во нејзиниот убав фустан и дека треба да го облече, затоа што сите други девојчиња ќе носат фустан. Се обидував едноставно да ја убедам да го облече фустанот.

Но, престанав да зборувам откако за момент погледнав во мојата прекрасна ќерка и се потсетив дека облеката не ја прави она што е! Таа има сладок карактер и сака да биде своја личност и можам да кажам дека принудувањето да го облече фустанот не ѝ требаше денес. Таа не сака да биде како сите други девојчиња, а вистината е дека го обожавам тоа кај неа. Таа сака да биде мојата слатка Аби и таа може да биде тоа и во удобна маица и шорц на нејзиниот прв ден во големото училиште.

Мојата ќерка тргна во градинка денес, но јас сум таа што научи важна лекција... Дека е важно да бидеш убава на свој начин и дека убавината не доаѓа од облеката или другите материјални нешта.

Објавата на Кристин наиде на многу позитивни реакции и стана хит. Многумина признаа дека биле засрамени што прво помислиле дека на десната фотографија девојчето наликува на момче или дека станува збор за братче и сестричка близнаци. Други потврдија дека удобноста во облекувањето треба да се стави на прво место, како и дека на децата треба да им се дозволи да бидат она што се, а не она што родителите сакаат тие да бидат.

„Засрамена сум што кога ги погледнав фотографиите прво си помислив дека таа се претвори од слатко мало девојче во слатко мало момче. И тотално се прекорувам себеси. Потоа, погледнав во нејзината прекрасна насмевка. Работам во училиште и дефинитивно сум виновна што им давам комплименти на девојчињата кога тие носат прекрасни лелеави фустанчиња и им велам дека се многу убави, а ги занемарувам останатите девојчиња во најголем дел од времето. Оваа година ќе се фокусирам на давање комплименти за нивните насмевки, а не за она што го носат. Ти благодарам Мама што го сподели ова“ – се вели во коментарот со најмногу допаѓања.

Аби Аби

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 8891 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.