Почетна » Новости » Занимливости » „Ќе станеш татко“: Моментот кога девојка му кажа на саканиот дека ќе имаат бебе

„Ќе станеш татко“: Моментот кога девојка му кажа на саканиот дека ќе имаат бебе

Некои моменти се паметат вечно, меѓу нив е моментот кога ќе дознаеш дека ќе станеш родител. Па, многу идни мајки бараат креативни начини за да им ја соопштат големата вест на идните татковци.

Бриен Доу организирала лажна фотосесија за да го овековечи моментот кога нејзиниот сопруг Брендон дознава дека таа е бремена.

24-годишната девојка ангажирала фотографка, а на Брендон му рекла дека освоила бесплатна фотосесија. Кога парот застанал пред објективот во прекрасен парк, фотографката побарала од нив да напишат на табла по три зборови со кои се опишуваат еден со друг.

Бриен го дочекала моментот подготвена со пораката „Ќе станеш татко“.

Слаткото изненадување измами солзи-радосници кај Брендон.

Бриен и Брендон Бриен и Брендон Бриен и Брендон Бриен и Брендон Бриен и Брендон Бриен и Брендон Бриен и Брендон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11499 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.