Почетна » Новости » Занимливости » Ќе ви го згрее срцето: Маж крена в раце момче со Даунов синдром кое падна на Скопскиот маратон за заедно да ја поминат целта

Ќе ви го згрее срцето: Маж крена в раце момче со Даунов синдром кое падна на Скопскиот маратон за заедно да ја поминат целта

Фотографии од несебично и добродушно дело на Скопскиот маратон ги преплавуваат социјалните мрежи. На нив, маж носи в раце момче со Даунов синдром кое поради умор падна на земја 50 метри пред крајот и трча со него за заедно да ја поминат целта.

Подоцна беше откриено дека овој херој со големо срце е Радован Велјановски, пливачки тренер на Специјалната олимпијада, додека името на уморното момче е Стефан Трпковски.

Скопски маратон Скопски маратон

Радован доби море комплименти за доброто дело: „Респект... Една слика илјада зборови“, „Човечноста на дело. Браво момче за твојата големина“, „Човек. Човечност. Радост во сечии очи и во сечие срце!“, „Неважен е првиот кој стигнал. Ова се моралните победници“ – се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Скопски маратон Скопски маратон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11372 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.