Почетна » Новости » Занимливости » Јадете производи со помалку шеќер. Еве зошто!

Јадете производи со помалку шеќер. Еве зошто!

Едно од најголемите искушенија во животот се слатките и благите производи. Ги стимулираат центрите за уживање, го разубавуваат денот и даваат дополнителна енергија. Сепак и покрај овие придобивки за нив се почесто се зборува дека се штетни за здравјето. Тоа најчесто се должи на додадениот шеќер. Рафинираниот шеќер кој се додава во скоро сите производи има влијание врз органите како панкреасот, срцето и крвните садови. Поради овие влијанија надлежните организации и институции постојано даваат совети и препораки за намалување на внесот на шеќери. Овие совети не се насочени само кон потрошувачите, туку и кон производителите.

Имајќи го ова во предвид Виталиа започна со големи промени во производството. Тие во целиот свој асортиман го намалуваат додадениот шеќер и воедно започнуваат со производство на нова линија на производи без додаден шеќер. Со кампањата „Помалку шеќер за повеќе здравје“ Виталиа цели кон подобрување на навиките за здравата исхрана во Македонија.

Vitalia

Секој љубител на слатките сега може да посегне по новите производи без додаден шеќер без притоа да се грижи за ефектите на шеќерот врз телото. Еден од производите кој е креиран за безгрижно уживање во слатките е новата бонбониера на Виталиа без додаден шеќер и со 30% помалку калории. Засладена е со природниот екстракт стевиа и претставува одличен подарок за претстојните пазници. Пренесете ја пораката за помалку шеќер на пријателите и семејството и на сите драги луѓе кои ве опкружуваат, преку оваа уникатна бонбониера.

Vitalia

Виталиа се грижи и за оние чии денови се динамични и исполнети со обврски па најчесто немаат доволно време за здрав оброк. Со новите Take away Slimline мусли од Виталиа секој може да има брзо подготвен здрав појадок кој ќе даде доволно енергија за почеток на активностите во денот. Новите мусли на Виталиа иако немаат додаден шеќер имаат доволно нутритивни состојки за задоволување на потребите на телото и организмот. Подготовката на истите е многу едноставна. Се што треба да направите е да додадете вода или млеко по избор во компактното пакување и здравиот појадок е подготвен.

Vitalia

Biters2go со ананас мини житната плочка од Виталиа е вкусен и хранлив бар за енергија во секој момент од активниот ден. Слатка мешавина од интегрални жита, ананас и бело чоколадо, засладени со стевиа засладувач како здрава алтернатива на белиот рафиниран шеќер кој го прави овој производ да биде погоден за дијабетичари.

Нивното мало пакување ги прави одлични за секојдневна здрава ужинка помеѓу оброците. Најчесто се користат од страна на спортистите кои помеѓу тренингот и оброкот имаат недостаток на енергија и протеини. Овој вид на производ е одличен за студентите и за лицата кои работат со цел да го одржат нивото на фокус и енергија.

Виталиа нуди и други функционални и вкусни производи без додаден шеќер, како што се Диа Баровите и оризовите галети со чоко и бел крем. Палетата на Виталиа е навистина широка и во неа има производи за сите категории на потрошувачи како децата, адолесцентите, возразсните, спортистите, вегетаријанците, дијабетичарите, поборниците за палео и хроно исхрана, дитеалците и сите оние посветени на здрав живот.

Vitalia

Со својата кампања „Помалку шеќер за повеќе здравје“ Виталиа не цели само да го намали нивото на шеќер во производите туку спроведува и кампања за подигнување на свеста кај граѓаните за влијанието на рафинираниот шеќер врз здравјето на луѓето.

Повеќе информации за кампањата „Помалку шеќер за повеќе здравје“ на Виталиа може да се најдат на официјалната фејсбук страна: https://www.facebook.com/VitaliaHealthyfood/?fref=ts и официјалната веб страна: http://www.vitalia.com.mk/

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10506 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.