Почетна » Новости » Занимливости » Ѕвезда со големо срце: Рафаел Надал изненади 95-годишна обожавателка со Алцхајмер

Ѕвезда со големо срце: Рафаел Надал изненади 95-годишна обожавателка со Алцхајмер

Рафаел Надал усреќи своја голема обожавателка. Успешниот тенисер ја израдува 95-годишната Мануела и се сретна со неа по турнир во Мадрид.

Старицата, која боледува од Алцхајмер, за првпат во живо имала можност да проследи натпревар на омилениот тенисер, па нејзиниот внук Карлос одлучил дека ова е одлична шанса за да ѝ ја исполни големата желба.

Надал со Мануела

Карлос преку порака го замолил Надал да се сретне со Мануела пред болеста да го земе својот данок.

„Денес, мојата баба, на 95-годишна возраст, ќе си го оствари сонот да те гледа во живо. Таа е во раните фази на Алцхајмер и ми рече дека сака да те види во живо пред да заборави што ѝ значите ти и тенисот. Се надевам дека ќе ужива во овој ден“ – пишувало во пораката.

Надал со Мануела

Надал изгуби од Александер Зверев на турнирот, а непосредно по завршувањето на мечот, се сретна со Мануела.

Надал со Мануела

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11129 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.