Почетна » Новости » Занимливости » Шест братчиња со години ја растеле косата за да ја донираат за перики за деца болни од рак

Шест братчиња со години ја растеле косата за да ја донираат за перики за деца болни од рак

Шест браќа заедно со нивната мајка со години ја растеле косата, за на крај да ја донираат за перики на деца болни од рак кои ја изгубиле својата поради хемотерапијата. Добродушните момчиња претрпеле исмејување и задевање од своите врсници, само за да ја продолжат својата хумана мисија.

Хумани браќа

10-годишниот Андре, 8-годишните близнаци Силас и Емерсон и 5-годишните Херби, Рид и Декстер со мајка си Фиби ја донираа истрижаната коса во „Children with Hair Loss“, организација која обезбедува перики за деца кои ја изгубиле својата коса поради болест.

Во текот на годините, смелите момчиња биле исмејувани и нарекувани „девојчиња“, но не се откажале од својата цел.

Хумани браќа Хумани браќа

„Денес, јас и моите ШЕСТ СИНОВИ ја дониравме нашата коса во Children with Hair Loss. Вкупно 5 метри донирана коса. Многу сум горда на моите момчиња. Тие беа задевани и исмејувани од сите, од нивните врсници, до возрасни личности... но тоа не ги спречи нив. Имаа цел и се придржуваа кон неа. Тие се прекрасен пример за нивната помала сестра“ – напиша мајката на Facebook.

Хумани браќа

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12008 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.