Почетна » Новости » Занимливости » Исмејувано 8-годишно момче 2 години ја растело косата за да ја донира за деца болни од рак

Исмејувано 8-годишно момче 2 години ја растело косата за да ја донира за деца болни од рак

Кристијан Мекфилами е момче кое и покрај исмејувањата, две години ја растело својата коса за да ја донира за деца кои ја изгубиле косата како последица на хемотерапија.

Пред две години, Кристијан и неговата мајка Деана Томас гледале телевизија кога започнала реклама за болницата „St. Jude“, во која имало млади пациенти без коса болни од рак. Кристијан бил вчудовиден.

Деана и Кристијан имале секојдневен ноќен ритуал да пребаруваат на интернет случки и ликови кои го привлекле љубопитството на малото момче во текот на денот. Таа ноќ Кристијан започнал да пребарува за болницата „St. Jude“ и видел реклама за донирање на коса. Кога ја прашал мајка си што значи тоа, таа му објаснила дека секој може да донира коса за лицата кои оќелавеле поради хемотерапијата.

„Тој тогаш рече: Сакам да го направам тоа. Бев одушевена... обично кога Кристијан науми нешто, го исполнува. Не дозволува ништо да му попречи во достигнувањето на целите. Бев прилично убедена дека ќе оди докрај“ – рекла Деана.

Иако луѓето го нарекувале девојче, Кристијан не се откажал од науменото. „Понекогаш ме нарекуваа девојче“ – натажено рекол Кристијан за Today.

Кристијан Мекфилами

По 2 години растење и одржување на косата, минатата недела Кристијан решил да се истрижи. Неговата мајка му ја собрала косата во неколку помали коњски опавчиња и го истрижала. Косата, која Кристијан ја донира за децата кои страдаат од рак, изгореници и алопеција, била долга нешто повеќе од 25 сантиметри.

Кристијан Мекфилами Кристијан Мекфилами Кристијан Мекфилами

„Кристијан има огромно срце. Не знам дали има зборови кои можат да опишат колку многу се гордеам со него“ – рекла Деана.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11407 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.