Почетна » Новости » Занимливости » Цако на роденденот стана нов член на тимот на Град Скопје

Цако на роденденот стана нов член на тимот на Град Скопје

Александар Матовски, познат како Цако, му се приклучи на тимот на Град Скопје.

Градоначалникот Петре Шилегов на денешната прес-конференција соопшти дека Цако ќе биде ангажиран во Одделението за социјална, детска и здравствена заштита бидејќи неговите афинитети се насочени токму во оваа област, а неговите познавања за целните групи ќе помогнат во унапредување на социјалните услуги за граѓаните.

„Здраво, јас сум Александар Матовски Цако. Денеска ми е роденден, мојот среќен ден“ - изјави тој, потоа им се заблагодари на сите и потенцира дека ќе го споделува своето досегашно искуство. На крајот, тој упати благодарност до неговата сестра Марија, која го придружувала на сите патувања и истакна дека најголема поддршка добива од семејството.

Александар Матовски и Шилегов Александар Матовски и Шилегов

„Нашиот нов колега е лице со Даунов синдром, со високо образование, амбициозен и подготвен за предизвици, подготвен да покаже дека лицата со било каква попреченост можат подеднакво да учествуваат во општествените процеси и да се грижат за заедницата. Особено сум горд што како градоначалник учествувам во уривањето на стереотипите и предрасудите поврзани со овие лица, бидејќи сметам дека сечиј капацитет може да се искористи и соодветно да придонесе за развој на општеството. Многу често досега, особено во изминативе две години, преземаме активности со кои докажуваме дека овој град се грижи за сите свои граѓани без исклучок и подеднакво ги вреднуваме... Апелирам до сите, да даваме шанса без дискриминација, да се отвориме кон различнoстите и да дозволиме вредноста на секој поединец да биде еднакво третирана и признаена. По некоја случајност, првиот работен ден на Цако е всушност и негов роденден. Цако, среќен роденден и добредојде во Град Скопје“ – рече Шилегов.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11504 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.