Почетна » Новости » Занимливости » Хумористични експерименти: Дали сте подготвени да имате дете?

Хумористични експерименти: Дали сте подготвени да имате дете?

Да се биде родител е најтешката работа на светот и ретко кој е подготвен за обврските кои доаѓаат со имањето дете.

Бренди Фернер создаде експерименти кои можат да ви откријат дали со партнерот сте подготвени да влезете во улога на родители. Хумористичниот текст на креаторката на блогот „Adult Conversation Parenting“ насмеа илјадници лица низ светот.

Прочитајте го:

Родители и деца

Не е едноставно да донесете одлука дека сакате да станете родител.

Ако не можете да одлучите дали да имате деца или не, следнава листа со домашни експерименти (од кои дел бараат железна посветеност од вашиот партнер) ќе ви дадат реалистично чувство дали родителството е вистинскиот избор за вас двајцата:

Експерименти:

  1. Земете пет кобри и ставете ги во патничка торба. Затворете ја добро за да не можат да излезат. Легнете во вашиот кревет покрај торбата и пејте приспивни песни додека торбата се превиткува со часови наместо да заспие. Повторувајте го тоа двапати дневно во текот на 5 години.
  2. Потрошете мало богатство за да купите органски пилешки прсти, витамински гумени бонбони без ГМО, вафли без глутен и крекери без конзерванси. Нека ве измачуваат трошоците за органска исхрана, но не се откажувајте од неа, сè затоа што сте прочитале статија за опасностите од токсините во храната. Однесете дома торба полуполна со намирници, а потоа исфрлете сè в ѓубре за да симулирате дете кое одбива да касне од она што сте го купиле. Навикнете се на тоа.
  3. Подесете тајмер за сите секојдневни обврски, а изберете супер иритирачка сирена како мелодија. Ако сушењето коса обично ви одзема 20 минути, тајмерот нека засвири на 11 минути. Ако приготвувањето вечера ви одзема 30 минути, тајмерот нека засвири на 3. Сакате да читате книга еден час? Подесете го тајмерот на 30 секунди. Навикнете се да функционирате на скратено време цел ден, цела година.
  4. Побарајте од партнерот да цимоли за сè што ќе се каже четири години по ред. Кажете му да престане да го прави тоа еден ден, а потоа започнете одново уште четири години за да симулирате добивање второ дете.
  5. Наредете му на партнерот да вели/плаче „Гладен сууууууууууум“ секојпат кога ќе влезе влезе во автомобил со вас за да одите некаде. Наредете му да го повторува ова и по секој заеднички оброк надвор од дома, додека излегувате од ресторанот. Чукајте си ја главата од ѕид со ова 3-5 години.
  6. Побарајте од партнерот безмилосно да вреска дека сака да слуша конкретна песна додека не му ја пуштите секојпат кога ќе го враќате автомобилот на рикверц, на преполн паркинг. Наредете му да го повторува ова четири години и никогаш да не го менува насловот на песната.
  7. Секој ден пред да излезете од дома, пакувајте закуска која е без глутен, без млеко, не е широка колку душникот, содржи доволно протеини, нема бои, е од цели зрна и не може да биде истурена. Откако ќе откриете таква чудесна храна (таква не постои), исфрлете ја цела на задното седиште од автомобилот. Повторувајте го ова десет години.
  8. Побарајте од партнерот да ви подеси утрински аларм некаде помеѓу полноќ и 6 наутро, но никогаш подоцна од 6. Видете кога си легнувате и обидете се цврсто да спиете не знаејќи кога ќе бидете разбудени. Повторувајте го ова 18 години.
  9. Поставете кошаркарски обрач на задното седиште од автомобилот. Обидете се да фрлате закуски, плишени животни, книги и растечени шишиња со вода во кошот за да симулирате дека му ги давате на вашето расплакано дете. Ако предметите не завршат во кошот (а нема), обидете се да ги дофатите со раката и да ги подадете за втор обид додека го држите погледот на патот и ја слушате „The Circle of Life“ од Кралот Лав на цел глас.
  10. Речете му на партнерот да мавта со балон околу вашата глава додека му приготвувате вечера. Наредете му да не јаде од вечерата и покрај тоа што му се допаднала и му е послужена во чинија со лик од омилениот цртан филм.
  11. Партнерот нека ви кивне директно во уста. А потоа нека ви се искашла во очите.
  12. Кога сте во најлошите моменти, оние кога не сте сигурни дали можете да продолжите понатаму, партнерот нека ви фрли коцка со Возот Томас на глава и нека ви пролее крв.

Ако сè од горенаведеното ви звучи како нешто во кое сакате да учествувате, подготвени сте да станете родител!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12008 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.