Почетна » Новости » Занимливости » Хумористични тестови: Дали сте подготвени да имате дете?

Хумористични тестови: Дали сте подготвени да имате дете?

Повеќето жени го опишуваат мајчинството како прекрасно патување, а детето како најскапоцениот дар. Но, да се биде добар родител е нешто повеќе од декорирање на детската соба, лулање пред заспивање и радување на секоја бебешка насмевка. Не секој е подготвен да се соочи со предизвиците кои ги носат децата и не секој го има бесконечното трпение кое е неопходно за нивното воспитување.

Проверете дали сте подготвени за да станете родител со хумористични тестови кои станаа хит на Интернет и со неверојатна брзина се распространија на блоговите за мајки откако беа објавени на блогот „Mamami“ од страна на Чет, мајка на две деца.

Мајка и деца

Еве ги 14-те чекори кои треба да ги изминете пред да одлучите да имате деца:

Тест 1: Подготовка

Жени: За да се подготвите за бременост...

  1. Облечете ноќна наметка и под неа ставете торба со грав во областа на стомакот.
  2. Оставете ја таму.
  3. По 9 месеци извадете само 5% од гравот.

Мажи: За да се подготвите за деца...

  1. Одете до најблиската аптека, извадете сè од вашиот паричник на шалтерот и речете му на фармацевтот да се послужи.
  2. Одете во супермаркет. Договорете вашата плата да стигнува директно кај нив.
  3. Одете дома. Земете го весникот и прочитајте го за последен пат.

Тест 2: Знаење

Најдете партнери кои веќе се родители и критикувајте ги за нивните методи за дисциплинирање, недостигот на трпение, ниското ниво на толеранција и за тоа дека им дозволуваат на децата да лудуваат.

Предложете им како да ги подобрат навиките на спиење на децата, користењето на тоалетот, како и манирите на маса и воопшто однесувањето на децата.

Уживајте. Тоа ќе биде последен пат во вашиот живот кога ќе ги имате сите одговори.

Тест 3: Ноќите

За да откриете како ќе се чувствувате навечер:

  1. Обиколувајте низ дневната соба од 17.00 до 22.00 ч., носејќи мокра торба тешка речиси 4-6 kg и слушајќи гласно радио станица со пречки во преносот или некој друг иритирачки звук.
  2. Во 22.00 часот спуштете ја торбата, наместете аларм точно на полноќ и легнете да спиете.
  3. Станете во 23.00 и кружете со торбата низ дневната соба до 1.00 по полноќ.
  4. Наместете аларм за да ве разбуди во 3.00.
  5. Затоа што нема да можете да заспиете, станете во 2.00 и направете си шолја чај.
  6. Легнете в кревет во 2.45 ч.
  7. Повторно станете во 3.00 кога алармот ќе се вклучи.
  8. Пејте песни во темница до 4.00 ч.
  9. Наместете го алармот да ве разбуди во 5.00 ч. Станете кога ќе се вклучи.
  10. Пригответе појадок.

Правете го тоа во текот на 5 години. ИЗГЛЕДАЈТЕ ВЕСЕЛО.

Тест 4: Облекување на мали деца

  1. Купете жив октопод и мрежеста торба.
  2. Обидете се да го ставите октоподот во мрежестата торба така што ниту една пипка да не виси надвор.

Време за вежбата: 5 минути.

Тест 5: Автомобили

  1. Заборавете на BMW. Купете практично возило со 5 врати.
  2. Купете чоколаден сладолед во корнет и ставете го во шкафчето напред во автомобилот. Оставете го таму.
  3. Земете монета. Пикнете ја во ЦД плеерот.
  4. Земете кутија со чоколадни бисквити; смачкајте ги на задното седиште.
  5. Поминете со гриблото на двете страни од автомобилот.

Тест 6: На прошетка

  1. Почекајте.
  2. Излезете низ вратата.
  3. Вратете се повторно внатре.
  4. Излезете.
  5. Вратете се повторно внатре.
  6. Повторно излезете.
  7. Излезете до тротоарот пред куќата.
  8. Вратете се назад.
  9. Повторно стигнете до тротоарот.
  10. Пешачете многу бавно по патот околу 5 минути.
  11. Застанете, набљудувајте внимателно и поставете си најмалку 6 прашања за секоја гума за џвакање, валкано марамче и мртов инсект кои ќе ги видите по патот.
  12. Вратете се по истиот пат.
  13. Врескајте на начин кој покажува дека не можете да издржите повеќе сè додека соседите не излезат надвор и не започнат да зјапаат во вас.
  14. Откажете се и вратете се назад во куќата.

Сега сте речиси подготвени да однесете мало дете на прошетка.

Тест 7: Разговори со деца

Повторувајте сè што кажувате најмалку по 5 пати.

Тест 8: Пазарување намирници

  1. Одете во најблискиот супермаркет. Поведете со себе нешто што најмногу наликува на дете од предучилишна возраст – коза е одличен избор. Ако планирате да имате повеќе од едно дете, земете повеќе од една коза.
  2. Купете ги сите потребни намирници за седмицата без да го тргнете погледот од козата.
  3. Платете за сè што козата ќе изеде или уништи додека вие пазарувате.

Сè додека не можете ова да го реализирате лесно, не ни помислувајте да имате деца.

Тест 9: Хранење на едногодишно дете

  1. Испразнете лубеница.
  2. Направете мала дупка на едната страна.
  3. Отстранете го горниот дел од лубеницата и лулајте ја.
  4. Земете чинија со корнфлекс и обидете се со лажица да ставате корфлекс во дупката од лубеницата, додека глумите дека лажицата е авион.
  5. Продолжете додека не ја испразните чинијата до половина.
  6. Истурете го преостанатиот корнфлекс во својот скут, но уверете се дека добар дел ќе падне на подот.

Тест 10: ТВ

  1. Научете ги имињата на сите ликови од цртаните филмови со диносаурусот Барни, Телетабиси и Дизни.
  2. Најмалку 5 години не гледајте ништо друго на телевизија освен цртани.

Тест 11: Неред

Дали можете да го поднесете нередот кој го прават децата? За да откриете:

  1. Намачкајте путер од кикирики на софата и џем на завесите.
  2. Сокријте риба зад звучниците и оставете ја таму цело лето.
  3. Пикнете ги прстите во саксиите за цвеќиња и потоа истријте ги на чисти ѕидови. Покријте ги флеките со мрсни боички. Како ви изгледа тоа?
  4. Испразнете ги сите фиоки/шкафови/кутии, ставете сè на подот и преминете на чекор 5.
  5. Влечете произволни предмети од едната соба во другата и оставајте ги таму.

Тест 12: Долги патувања со мали деца

  1. Снимете некој кој постојано вика „Мамо“. ВАЖНО: Не треба да има повеќе од 4 секунди пауза помеѓу секое „Мамо“.
  2. Пуштајте го овој аудио запис во вашиот автомобил каде и да патувате во следните 4 години.

Сега сте подготвени да одите на долго патување со мало дете.

Тест 13: Разговори

  1. Започнете разговор со возрасна личност по ваш избор.
  2. Некој постојано нека ве влече за кошулата, додека го слушате аудио записот со „Мамо“ звуци опишан погоре.

Сега сте подготвени да водите разговор со возрасна личност додека има дете во собата.

Тест 14: Подготовка за на работа

  1. Изберете ден во кој имате важен состанок.
  2. Облечете ја вашата најубава официјална облека за на работа.
  3. Земете чаша шлаг крем и ставете во неа чаша сок од лимон.
  4. Промешајте.
  5. Истурете половина од него на вашата убава свилена кошула.
  6. Накиснете крпа со другата половина од смесата.
  7. Обидете се да ја исчистите вашата кошула со истата накисната крпа.
  8. Не се преслекувајте (немате време).
  9. Заминете на работа.

Сега сте подготвени да имате деца. УЖИВАЈТЕ!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10625 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.