Почетна » Новости » Занимливости » Хумористична листа на една мајка: „Животни мудрости кои ги научив од моето мало дете“

Хумористична листа на една мајка: „Животни мудрости кои ги научив од моето мало дете“

Мајка на две деца состави хумористична листа со лекции кои во еден ден ги научила од својата 2-годишна ќеркичка и насмеа илјадници лица на интернет.

Џенифер Уајт, која е блогерка и писателка, редовно привлекува голема публика со своите текстови кои на забавен начин го опишуваат мајчинството. Разбудете ја вашата смисла за хумор и уживајте во нејзиниот нов текст:

Девојче

Неодамна моето дете наполни 2 години. Како и многу родители, чувствувам дека јас научив повеќе гледајќи ги моите деца како растат одошто тие научија од мене.

Еве 35 мудрости кои ги научив од моето мало дете за само еден ден:

  1. Плачењето навистина функционира подобро од врескањето. Сепак, прво врескај.
  2. Не мораш да бакнуваш или да гушкаш некој кој не го сакаш.
  3. Тато е попустлив. Оди прво кај него кога бараш нешто, а потоа врати се пак кај него откако мама ќе каже „НЕ“.
  4. Најдоброто место за кивање е во лицето на мама.
  5. Кога твоите родители се бакнуваат, им се допаѓа ако стоиш помеѓу нивните нозе.
  6. Нема ништо подобро од тоа да имаш поголема сестра. Со исклучок на моментите кога сакаш да си играш со сите нејзини омилени играчки, а таа сака барем една за себе.
  7. Неред
  8. Кога ти е жешко, едноставно соблечи ја облеката. (Не е важно каде си! Погледни ја фотографијата погоре која не е направена дома.)
  9. Моето семејство е најдобро. Многу ги сакам. И тие мене. Секој ден се будам со радост. Во 6 часот наутро, дури и во викенд.
  10. Секој ден носи нов почеток... и нова можност за да побараш овошни гумени бонбони за појадок.
  11. Овошните гумени бонбони се најдобриот избор во секое време од денот.
  12. Пробувањето „нови нешта“ е забавно. Освен кога тие нешта се зеленчук.
  13. Тајната да ја натераш мама да го остави нејзиниот телефон и да си игра со тебе е гласно да плачеш секогаш кога ќе се јавува.
  14. Не знам зошто, но мама секогаш сака друштво кога оди во тоалетот.
  15. Сигурносните појаси во автомобилите неудобно стегаат, но мораме да се врзуваме со нив. Сепак, занемари го тој факт и врескај силно дека те стега појасот.
  16. Експериментирај за да откриеш на која нога сакаш да го носиш чевелот. Не се откажувај од твојот избор без разлика на сè.
  17. Невозможно е да поминеш покрај решетка на паркинг, а да не скокнеш врз неа.
  18. Секогаш избирај го она што е украсено со пулејки.
  19. Простувањето и смирувањето по караница не мора да биде тешко. Само подари бакнеж и прегратка и речи: „Извини“.
  20. Многу е важно да ги искажуваме нашите потреби. Кога не можеш, следното најдобро решение е да се фрлиш на подот и да плачеш.
  21. Мама е диспензер за овошни гумени бонбони. Или барем треба да биде.
  22. Во ред е да земеш бонбона од непознат, само на Халовин, иако тоа е малку збунувачко.
  23. Додавањето на 750 различни житарки во лебот го прави поздрав и одвратен.
  24. Прекрасно е кога мамиш насмевка кај луѓето. Ако некој навистина мисли дека си смешен(на), повтори го она што го насмеало уште 10 пати.
  25. Кога ти се повраќа, секогаш избирај го најмекото место за тоа. Примери од најмалку прифатливото до најприфатливото место: тоалетна школка, тепих, рацете на мама.
  26. Секогаш избирај го патот по кој најмалку изминале. Како оној со најмногу кал или мокра трева, дури и кога има асфалтирана патека во близина.
  27. Здолништето од тул одговара на сè. Сè. Буквално на сè.
  28. Не дозволувај да помине ни еден ден без да им кажеш колку ги сакаш на луѓето кои ги сакаш најмногу. Или без да им се развикаш без некоја конкретна причина.
  29. Охрабрувај ја мајка ти да пазарува во продавници кои ти даваат стикери.
  30. Возењето на мама е турбулентно. Повторувај ѝ го тоа редовно.
  31. Рестораните се многу забавни. Не знам зошто мама и тато почесто не ме носат таму за да јадам.
  32. Салфетките се за да ги редиш на врвовите на прстите.
  33. Најдобрите нешта во животот се бесплатни – прегратки, моменти со семејството, поминување време надвор. Не разбирам зошто тато мора да оди на работа секој ден.
  34. Можеш да поправиш сè со леплива лента. Многу, многу, многу леплива лента.
  35. Каките одат во нокширот. И во кадата.
  36. Не ја прашувај мама од каде доаѓаат виршлите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11960 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.