Почетна » Новости » Занимливости » Хит листа на мајка: „30 причини зошто моето мало дете сè уште не спие“

Хит листа на мајка: „30 причини зошто моето мало дете сè уште не спие“

Дали и на вашето дете времето пред спиење му е омилен период од денот за забава, прашања, јадење, лудување...?

Мајка на мало момче, која често се соочува со непреспани ноќи, одлучи да состави листа со причини кои ги слушнала од својот енергичен син на прашањето „Зошто уште не спиеш?“

Прочитајте го текстот на Рејчел, мајка на две деца и креаторка на блогот „Toilets aren’t for Turtles“, кој ќе ве насмее и можеби ќе ве потсети на изговорите кое вашето дете ги смислува за да го „поттурнува“ заспивањето навечер.

Момче

Во моментов, се соочуваме со интензивен недостиг на сон благодарение на моето 2-годишно суштество желно за забава, кое дојде до заклучок дека сонот е луксуз без кој сите можеме да живееме.

Можам да кажам дека греши. Не можеме да издржиме уште долго без некој (јас) да полуди.

Еве неколку од причините зошто моето мало дете сè уште не спие:

  1. Му се кикоти и не може да престане да се смее, како луда мала пијана личност, потоа започнува да плаче, исто како луда мала пијана личност.
  2. Многу му е жешко. Му треба мама за да му помогне да си ги намести прекривките.
  3. Многу му студи. Потребни му се повеќе прекривки. Но, не ОВИЕ прекривки. Други прекривки. Оние кои ги немаме ние. Ајде да одиме в продавница и да купиме нови прекривки.
  4. Има крокодил под неговиот кревет. Мама треба одма да го убие тој крокодил. Да, со чекан.
  5. Трамполината е осамена и сака тој да скока на неа.
  6. Неговиот кревет му причинува болка. Сака да спие на креветот на мама. Над мама.
  7. Маицата му е премногу тесна. Му треба помош за да ја извади. Но, тоа резултира со повторување на втората потточка.
  8. Му се пие уште вода. Ама не од шишето за вода, туку од соодветна чаша. Со зелена сламка за пиење со жолти линии. Со делфин. Која ја виде в продавница пред неколку дена.
  9. Не може да си ги пронајде шорцевите од пижамите (ги носи на него).
  10. Тажен е за мечето кое го изгуби. Пред шест месеци.
  11. Го боли нешто. Ама не може да каже каде го боли.
  12. Потребен му е бакнеж, бидејќи „Те шакам мамо“.
  13. Сака уште млеко.
  14. Има потреба од само уште една голтка вода. Од чешмата. Не, не од ТАА чешма. Од она во дворот со црево на неа.
  15. Загрижен е дека кучињата од цртаниот филм „Paw Patrol“ нема да ја најдат загубената кокошка навреме. (Навреме за што?? Никогаш нема да дознам!).
  16. Сфати дека на неговите ноќни пелени ја има само Дора, а тој јасно ми нагласи дека го сака Диего. Иако пелените од целото пакување се со Дора (и овој разговор го имаме секоја вечер).
  17. Неговиот цртеж е премногу воден. Треба да оди да го провери за да се увери дека ќе се исуши ДОБРО сам од себе.
  18. Спиењето ЗДОДЕВНО.
  19. Тој НЕ САКА СПИЕ.
  20. Мама премногу му пречи за да спие.
  21. Грлото му е црвено и потребна му е проверка со специјалната виолетова светилка. Тоа може да биде подобрено со лажица полна со лекарство со вкус на путер од кикиритки.
  22. Му падна фластерот. Вчера.
  23. Му се мочка и потребно е мама да биде чувар на вратата од тоалетот во случај да излезе змеј од канализацијата.
  24. Му се кака (10 минути по мочкањето).
  25. Повторно е гладен. Единствената закуска што може да му го згасне апетитот е мафинот кој го заборави на роденденот минатиот викенд.
  26. Има кашлица „ахем, ахем“.
  27. Тажен е зашто еден ден мама ќе умре.
  28. Сака да знае што точно значи „умре“.
  29. Има потреба повторно да мочка.
  30. Утро е мамо! (Беше во право, додека да стигнеме до оваа фаза навистина дојде утро – и тој веднаш заспа и спиеше два часа).
МомчеСинот на Рејчел

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11493 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.