Почетна » Новости » Занимливости » Хит листа на мајка: „44 причини кои ја разбеснија мојата 3-годишна ќерка во еден ден“

Хит листа на мајка: „44 причини кои ја разбеснија мојата 3-годишна ќерка во еден ден“

Малите деца се непредвидливи. Тие во еден момент може да бидат најмирните и најслатките суштества на целиот свет, додека во следниот, бесно да фрлаат предмети низ дома... буквално за ништо.

Мајка одлучи да состави листа со причини кои ја разлутиле нејзината 3-годишна ќеркичка во текот на 24 часа. Верувале или не, на списокот на блогерката Џена Галина има 44 нешта кои ја расплакале, расцимолиле или разбесниле ќерка ѝ за еден ден. Текстот е хит на сајтовите за родители. Прочитајте го:

Листа на Џена Галина

Имате три годишно дете дома? Ве молам седнете, турете си чаша вино и уживајте во овие тотално разумни причини кои ја разлутија мојата 3-годишна ќерка денес. Да, сите овие испади се случија во период од 24 часа. Посакувам да го измислував ова.

Омилената игра на ќерка ми деновиве е да ми вика. Денес, наместо само да се борам со испадите на бес и солзи, одлучив да ги запишам. Секојпат кога мојата ќерка ќе започнеше да цвили, да вреска, да клоца или да лежи на подот со нозете во воздух, јас ја запишував причината.

Мојата ќерка откри 44 проблеми за кои вреди да се плаче. И речиси половина од нив се случија пред 9 часот наутро.

  1. Сакаше да ја носи маицата со Елса (која беше во купот со валкана облека).
  2. Си ја стави долната облека наопаку.
  3. Ја пуштив погрешната епизода од цртаниот филм.
  4. Не ѝ го приготвив појадокот доволно брзо.
  5. Не сакаше житарки. Сакаше овесна каша.
  6. Ѝ дадов погрешна чинија за нејзината овесна каша. Ја сакаше чинијата во која се наоѓаа нејзините недопрени житарки.
  7. Си ја истури овесната каша на коленото.
  8. Ја сакаше малата лажица.
  9. Ѝ го дадов жолтото ќебе наместо розовото ќебе.
  10. Сакаше да го носи фустанот со Елса наместо маицата со Елса.
  11. Не ѝ е роденден денес.
  12. Каишот од седиштето ѝ беше чуден.
  13. Брат ѝ ја погледна додека се возевме во автомобилот.
  14. Мачката не ѝ дозволи да ја подигне за опашка.
  15. Не можеше да го отвори пакетчето од чоколадото.
  16. Премногу ѝ го отворив пакетчето од чоколадото.
  17. Чоколадото ѝ се скрши на два дела.
  18. Додека боевме, искористив погрешна сина боја за да го обојам фустанот на Пепелашка.
  19. Седнав над нејзиниот измислен пријател.
  20. Си ги стави чевлите наопаку.
  21. „Прасето Пепа“ заврши.
  22. Ѝ го исеков сендвичот на триаголници.
  23. Ѝ го исеков вториот сендвич на квадратчиња.
  24. Не ѝ дозволив да си игра во автомобилот.
  25. Ѝ предложив да дремнеме.
  26. Капата ѝ падна на патот.
  27. Не ѝ дозволив да се јави на телефон.
  28. Седнав на погрешна страна на каучот.
  29. Почна да врне.
  30. Морав да приготвам вечера.
  31. Нејзиниот брат ѝ зборна.
  32. Си ја истури водата.
  33. Ја искористив црвената крпа за да исчистам. Требало да ја искористам розовата.
  34. Се истуширав без неа.
  35. Му помогнав на нејзиниот брат со домашната работа.
  36. Го изгуби розовиот чевел на нејзината кукла.
  37. Побарав од неа да оди во бањата за капење.
  38. Побарав од неа да излезе од бањата.
  39. Крпата ѝ предизвика чешање.
  40. Нејзиниот брат си ги облече пижамите побрзо од неа.
  41. Неправилно ја свртив страницата од нејзината сликовница.
  42. Плишеното мече падна од креветот.
  43. Не ја скокотнав правилно.
  44. Се проѕеав.

Следниот пат кога вашето мало дете ќе вреска низ дома затоа што не сте го исекле сендвичот правилно, запомнете дека таму некаде постои цел свет од мајки и татковци, кои ја отстрануваат корката на триаголните сендвичи, тивко проколнувајќи го небото за оваа тешка фаза од родителството.

Да се подготвиме да поминеме повторно низ истото утре. Бидејќи и најлошите напади на бес, можат да бидат избришани со обична прегратка, бакнеж или „Те сакам мамо“.

Џена ГалинаЏена Галина со нејзините две деца

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12004 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.