Почетна » Новости » Занимливости » Хуманост, танц, музика: 21-ви Виенски Бал во Скопје

Хуманост, танц, музика: 21-ви Виенски Бал во Скопје

Надополнето: Виенскиот Бал се одложува поради новонастанатата состојба со коронавирусот.

На 14 март, традиционално, по 21-ви пат, ќе се одржи Виенскиот Бал во Скопје, под покровителство на амбасадата на Република Австрија во нашата земја, а во организација на Здружението за културна соработка Јохан Штраус.

И оваа година Виенскиот Бал ќе се одржи во ексклузивниот амбиент на Хотелот Александар Палас. Гостите ќе се дружат со виенскиот валцер, со екстравагантноста на Штраус музиката, со уметноста во која се чувствува легендарниот музички дух на Виена.

Кој не умее да игра валцер, има шанса да заигра на звуците на светски евергрини и македонски хит рефрени.

Виенскиот Бал

И годинава, Виенскиот Бал во Скопје има хуманитарна димензија. Секој гостин на Балот активно ќе учествува во афирмација на човековата добрина, достоинството и вредноста на човекот.

Во уметничката програма на Виенскиот Бал во Скопје ќе настапат врвни уметници:

  • оркестарот „Јохан Штраус“ ќе музицира под диригенство на Бисера Чадловска
  • ќе настапат првенците на Балетот од Националната опера и балет Саша Ефтимова и Балаж Локсен (Унгарија)
  • танчери на Танцовиот клуб Прима Данца
  • Тумбао Салса Бенд
  • Арт Бенд
  • и вокалните солисти: Драган Бобиќ - Дексо, Калина Велковска и Паула Ц. (САД)

Водителка на Балот е Вера Мештеровиќ. За накитот и за бисерната тијара се задолжени Филеви, а вечерниот фустан кој ќе го носи е креација на Елена Лука.

На Виенскиот Бал во Скопје се почитува вековната традиција на задолжителниот дрес код, и тоа, за дамите - свечена долга тоалета, а за господата - смокинг, темно одело или униформа.

Виенскиот Бал во Скопје и оваа година, потврдувајќи ја македонско-австриската соработка на поле на културата и уметноста, уште еднаш ќе ја донесе магијата на музиката, танцот и гламурот, и тоа во служба на хуманоста.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11130 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.