Почетна » Новости » Занимливости » Хумана матурантка: Девојка од Босна и Херцеговина се откажа од матурски фустан и ги донира парите

Хумана матурантка: Девојка од Босна и Херцеговина се откажа од матурски фустан и ги донира парите

Матурантка од Босна и Херцеговина доби море од пофалби за своето добро дело. Хуманата девојка се откажа од матурскиот фустан и ги донира сите пари кои биле наменети за нејзиниот стајлинг за матурската прослава.

Наместо да потроши мало богатство на фустан, фризура и шминка, Николина Субиќ му го донираше својот матурски буџет на татко кој неодамна го загуби својот 28-годишен син поради дијабетес. Сиромашното семејство живеело во куќа без вода, оставено на цедило од државата.

Николина Субиќ

„До оваа идеја дојдов кога видов колку патат луѓето и би сакала да можам да помогнам и повеќе. За таткото на Теодор Лакиќ се одлучив бидејќи парите првобитно беа наменети за самиот Теодор, кој за жал почина. И покрај оваа трагедија, не се откажав од желбата овие средства да отидат во таа куќа, кај некого на кого навистина му се потребни“ – изјавила Николина за босанските медиуми.

Николина Субиќ Николина Субиќ

Со цел да инспирира и други да го следат нејзиниот потег, Николина се појави на прославата во маичка на која пишуваше: „Јас го донирав својот матурски стајлинг!“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9489 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.