Почетна » Новости » Занимливости » Хилари Клинтон ги отвори вратите на домот во кој живее со Бил во Вашингтон

Хилари Клинтон ги отвори вратите на домот во кој живее со Бил во Вашингтон

Хилари и Бил Клинтон ја поканија екипата на „Architectural Digest“ во нивниот дом во Вашингтон.

71-годишната политичарка ги покажа просториите во кои живее со поранешниот Претседател на САД.

Домот на Клинтон Домот на Клинтон

„Кога бев избрана во Сенатот во 2000 година, знаев дека ми е потребно место за живеење додека заседававме во текот на годината. Па, започнав да барам. Имав специјално искуство во оваа куќа, кое беше емотивно. Се качив на третиот кат и погледнав надвор низ дрвјата (кон задниот дел на британската амбасада) и се почувствував како да сум во стариот Лондон или Њујорк. Градините беа најпрекрасното нешто што го имав видено на мојата турнеја низ недвижностите“ - раскажа таа за изборот на имот.

Домот на Клинтон Домот на Клинтон

Во декорирањето на домот, Хилари добила помош од дизајнерката Розмари Хоуи и од нејзината мајка Дороти, која почина пред осум години. „Задоволство беше да се работи со мајка ми и Розмари. И јас и мајка ми обожаваме бои и како што можете да видите, имаме многу бои низ куќата кои произлегоа од таа соработка“ - вели Хилари.

Домот на Клинтон Домот на Клинтон Домот на Клинтон Домот на Клинтон Домот на Клинтон Домот на Клинтон Домот на Клинтон Домот на Клинтон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10397 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.