Почетна » Новости » Занимливости » Фудбалерка одлучи да се пензионира за да се грижи за саканиот болен од рак, тој ѝ предложи брак на последниот меч

Фудбалерка одлучи да се пензионира за да се грижи за саканиот болен од рак, тој ѝ предложи брак на последниот меч

Фудбалерката Рали Добсон ја стави љубовта пред кариерата и ја донесе големата одлука да се пензионира за да може се грижи за саканиот болен од рак.

28-годишната девојка пред неколку денови го одигра последниот меч со својот тим Мелбурн Сити, а по победата доби прекрасно изненадување од своето момче.

Додека прославуваа за нејзиниот гол и победата, нејзиниот партнер Мет клекна на колена и ѝ го постави судбоносното прашање.

Со растреперени раце Рали го прифати прстенот и му одговори „ДА“ на саканиот. Видеото и фотографиите од предлогот за брак го обиколија светот.

Рали Добсон и Мет Рали Добсон и Мет Рали Добсон и Мет Рали Добсон и Мет Рали Добсон и Мет

ВИДЕО:

Мет, кој исто така бил фудбалер, се бори со рак на мозокот. Тој ја добил страшната дијагноза пред шест години. Оттогаш, има минато низ операција за отстранување на туморот и цела година лекување со хемотерапии.

Рали Добсон и Мет

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11086 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.