Комерцијален текст
Со доаѓањето на есента ни се разгорува желбата да направиме нешто ново и интересно со нашиот изглед. Прво што ни доаѓа на ум е фризурата чија промена секогаш освежува и прави да се чувствуваме убаво и привлечно. Во продолжение прочитајте кои 3 фризури се најавени како хит фризури за оваа година.
Брановидна коса
Брановидната фризура е апсолутен хит веќе неколку години. Во секоја пригода, свечена или секојдневна, брановидната фризура изгледа многу природно и женствено. Оваа фризура може да ја постигнеме со помош на фигаро или пегла.

Во есен, многу жени велат дека ја чувствуваат својата коса сува и безживотна поради сонцето во летните денови, кое често доведува до расцветани врвови на косата, кои предизвикуваат вистински главоболки кај секоја жена. Секако, на ова мислеле во Philips, кои ја создадоа најновата генерација на фигара и пегли со револуционерната SplitStop технологија која овозможува беспрекорно одржување на косата, без страв од уништувањето на нејзиното здравје. Со помош на оваа технологија, врвовите на косата остануваат здрави, а косата добива сјај. Фигарата и пеглитe од новата SublimeEnds линија на Philips имаат керамички плочки кои го олеснуваат стилизирањето на косата и го прават влакното сјајно.
За многу долгата коса, најдобро е патецот да го наместиме на средина, а прамените благо да ги навиткаме по примерот на Бијонсе. Косата обликувана со фигаро на овој начин ќе изгледа сјајно, природно, лесно и совршено.

Мрзлива пунџа
Мрзливата пунџа на врвот на главата со делумно распуштена коса е вистински есенски хит кој ќе се задржи уште долго време на врвот на омилени фризури на денешницата. Сите девојки и жени кои што имаат долга коса, знаат што ги очекува кога ќе се разбудат. Колку и таа да биде негувана и убава, утрото само по себе бара малку нега, но и стилизирање на косата. Затоа сите ние посакуваме да откриеме некоја лесна и едноставна фризура која нема да ни одзема многу време за да ја направиме.

Сè што ни е потребно е - квалитетна пегла која што нема да ја изгори нашата коса, а притоа ќе и даде свежина и сјај. Токму за тоа, тука се најновите пегли на Philips кои во себе исто како и фигарата ја содржат SplitStop технологија, која ја заштитува косата и го намалува пукањето на врвовите и поседува UniTemp сензор кој спречува косата постојано да биде изложена на премногу топлина. Керамичките плочки содржат и кератин, кој е главната состојка на влакното, што дополнително придонесува за зачувување на здравјето на косата.
За да ја направите потребни ви се само неколку минути, а резултатите се одлични, ќе изгледате така смело и женствено. Најпрво треба да ја испеглате косата, да ја врзете во пунџа и потоа да пуштите неколку прамени кои треба лесно да паѓаат на рамениците.
Шишки
Шишките повторно се враќаат на голема врата. Модата постојано врти во круг, па така шишките ако беа вистински хит пред 7, 8 години, сега повторно се моден стил кој што воодушевува. За шишки ви е потребна квалитетна пегла.

Шишките можете да ги носите на вообичаените секојдневни активности, па сè до вечерните излегувања и свечените прилики. Тие можат совршено да ја надополнуваат вашата фризура во секоја пригода. Исто така тие одлично ќе стојат на вашето лице, ќе ги истакнуваат вашите јаболчници и ќе ги нагласуваат вашите најдобри линии. Шишките имаат интересна моќ, тие прават сè да изгледа малку помеко и понагласено. Вашиот изглед може многу да добие од нив и не само што лицето ќе ви изгледа посиметрично, туку и вашите очи ќе бидат многу полесно воочлив.
Шишките се огромен хит и тренд за оваа година. Пробајте различни видови шишки како на пример подолги, пократки, на страна...

Експериментирајте со пеглата и не се грижете за здравјето на вашата коса, бидејќи како што и претходно споменавме, Philips Sublime Ends пеглите поседуваат технологија која ја штити косата од прекумерна топлина и распукување на врвoвите.
Дознајте повеќе за Philips Sublime Ends производите овде>>>