Почетна » Новости » Занимливости » Фотографија која зрачи со љубов: Близнаци ги прегрнуваат новородените сестри близначки

Фотографија која зрачи со љубов: Близнаци ги прегрнуваат новородените сестри близначки

Подгответе се за екстремна доза неодоливост.

Фотографија од два пара близнаци, која ја покажува магијата на сестринската и братската љубов, освои илјадници срца ширум светот.

На неа, 2-годишните близнаци Нико и Сиена ги прегрнуваат новородените сестри близначки Џиа и Џема, притоа држејќи се за раце.

Близнаци

Иако ова наликува на совршената семејна фотографија, првичниот концепт за фотосесијата не бил баш таков. Мајката на четирите деца, која е фотографка и стои зад позитивната фотографија, изнајмила скапа облека за своите малечки, но првите фотографии кои ги направила биле разочарувачки.

„Ги фотографирав Нико и Сиена во облеката која ја изнајмив за нив додека ги држеа бебињата, но ним им беше толку здодевно со мене и фотографиите изгледаа ужасно. Бев многу разочарана“ – изјавила фотографката Џулиет Каничи.

Близнаци

Веднаш штом им ја соблекла модерната облека, таа успеала да овековечи еден бесценет момент за своето семејство.

Погледнете ја целосната фотосесија на Џулиет со малите близначки, кои се родиле на 26 јануари.

Близнаци Близнаци Близнаци Близнаци Близнаци Близнаци Близнаци

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11070 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.