Почетна » Новости » Занимливости » Фотографии „пред и потоа“ од добродушни лица кои си ја скратиле косата за да ја донираат за пациенти со рак

Фотографии „пред и потоа“ од добродушни лица кои си ја скратиле косата за да ја донираат за пациенти со рак

Лицата болни од рак најчесто ја губат нивната коса за време на лекувањето со хемотерапија. За да им ја зголемат самодовербата, сè повеќе добротворни организации изработуваат перики од коса донирана од хумани личности од целиот свет.

Погледнете фотографии „пред и потоа“ од деца, жени и мажи кои си ја растеле косата за да им ја подарат на пациенти кои ја водат најтешката битка во нивниот живот – битката со ракот.

„Сите во фризерскиот салон останаа со зината уста кога си ја скрати нејзината атрактивна и здрава коса. Но, беше за добра кауза, таа сакаше да ја донира за лицата на кои им е повеќе потребна.“

Коса

„Ја растев мојата коса три години. Започнав кога првпат слушнав дека можам да ја подарам во добротворна организација која прави перики за деца со рак.“

Коса

„Ова 2-годишно момче ги донира неговите локни за ‘Little Princess Trust’ зашто знае дека на други деца ќе им требаат повеќе одошто нему.“

Коса

„Две години ја растев мојата коса. Донирав прамени долги 33 сантиметри во име на мојата ќерка. Чувството е одлично.“

Коса

„Денес гордо го гледав мојот 19-годишен син како си ја сече неговата коса за оние кои ги изгубиле нивните поради рак.“

Коса

„Мојата 8-годишна ќерка ја растеше косата речиси две години за да ја донира во добротворна организација која прави перики за деца со рак кои не можат да си ги дозволат.“

Коса

„Ја растев косата 7 години за да стигнам до околу 50 сантиметри. Мајка ми почина од рак и ја скратив целата коса за да ја донирам во нејзина чест.“

Коса Коса Коса Коса Коса Коса Коса Коса Коса Коса Коса Коса Коса Коса Коса Коса Коса Коса Коса Коса Коса Коса Коса Коса Коса Коса Коса

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11605 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.