Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Херои и хероини од Македонија со ретки болести и попречености во позитивна кампања

ФОТО: Херои и хероини од Македонија со ретки болести и попречености во позитивна кампања

Фото-проектот „Будење“ испраќа силна порака: Различноста е моќна и убава. Позитивната кампања беше започната минатата година од страна на Ирена Мила, Елена Фидановска и Верица Пиперевска, кои се авторки на уметничките дела фотографии, социологот Иванна Хаџиевска, како и Анче Туфекчиева и Даниела Мирческа, кои се родители на деца со Даунов синдром и аутизам.

Лиса е нашата мала принцеза, пејачка и модел.

Будење

Целта на кампањата „Будење“ е да се подигне свеста за присуството на лицата со различни попречености и ретки болести и за потребата од нивно рамноправно вклучување во општеството. Притоа, акцентот се става на способностите и предностите на овие лица, наместо, како што е вообичаено, на нивните ограничувања. Фотографиите се своевидни уметнички дела кои на креативен начин покажуваат дека секое дете има свои желби и афинитети.

Ирена Мила ги објави позитивните фотографии на порталот BoredPanda и испрати порака: „Секое детство е незапирливо и не познава граници. Сите деца имаат свои соништа и желби и начинот на кој ги остваруваат нивните соништа ги дефинира како личности. Како родители, ние треба да им го дадеме сиот простор што им е потребен за да се изразат себеси, да им дадеме поддршка во нивните мали движења и да им покажеме дека не постојат граници, да им покажеме дека можат да бидат сè што ќе посакаат, а можеме да го направиме тоа ако им дадеме шанса.“

Пораката што ја испраќаат фотографиите е јасна: Треба да се научиме да го гледаме тоа што овие деца го можат, а не само тоа што не го можат. На овие лица треба да им се даде простор и шанса за да се изразат себеси и за да сфатат дека не се сами и исклучени од социумот.

Погледнете ги желбите и соништата на овие лица:

Верица, таа сака да го набои целиот свет со водни бои.

Будење

Максим, тој е нашето слатко дете.

Будење

Маркијан е чудесно дете, со големо срце, полно со љубов за сите луѓе.

Будење

Дејан е нашиот херој, боксот е неговиот омилен спорт и тој обожава акциски филмови.

Будење

Баба Милица има 65 години, сака сончеви утра и народни песни и танци.

Будење

Бети и Костадинка, тие се најдобри другарки.

Будење

Костадинка сака дожд и шарени чадори. Омилена забава ѝ е да скока во дождовните вирчиња.

Будење

Матилда е нашата отмена дама. Таа знае да готви навистина вкусна храна.

Будење

Матилда и нејзината слобода.

Будење

Страста на Трајче е музиката, а неговите омилени инструменти- хармоника и гитара.

Будење

Дејан и Трајче, тие се нашите слатки актери.

Будење

Омилениот спорт на Бети е правење балончиња од сапуница. Таа сака лето и сладолед од чоколадо.

Будење

Иван сака музика. Тој сонува дека еден ден ќе вози автобус.

Будење

Јане е единствениот фудбалер кој истовремено е и возач на формула. Го има запознаено Роналдо. Јане е веќе многу познат.

Будење

Илина сака кик-бокс, скокање на кревет, пливање и цртање.

Будење

Цако и Флоренс.

Александар Матовски зборуваше во ОН на Светскиот ден на лицата со Даунов синдром. Флоренс плива, глуми, танцува. Тие се вљубени повеќе од една година.

Будење

Ерато сака да гледа реклами, да слуша музика и да игра на компјутер. Таа е позната како девојчето со најубавата прегратка.

Будење

На Илина ѝ сјаат очите и таа има прекрасен глас. Секогаш ја има поддршката од своите две сестри.

Будење

Милош и Пепица комуницираат со знаци и со чиста љубов.

Будење

Огнен сака да плива и да игра тенис. Има големо познавање за диносаурусите. Тој ќе биде палеонтолог.

Будење

Нашето општество е сѐ уште полно со предрасуди и овие лица се сѐ уште етикетирани како различни и како лица со посебни потреби. Нема ниту точна статистика колку лица во Македонија живеат со некоја ретка болест или попреченост. Но, време да се поттикне размислувањето дека, можеби, не станува збор за посебни потреби туку за посебни способности.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 29067 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.