Мајка постојано ја дотерува ќерката со оштетен слух со фризури кои им носат сè повеќе и повеќе обожаватели на Instagram.
Патриша Кејлеби ја користи социјалната мрежа не само да им даде идеи на мајките како да им ја средуваат косата на своите принцези, туку и како платформа за да ја подигне свеста кај луѓето за лицата со оштетен слух.
„Ќерка ми е родена со умерено оштетување на слухот. Што значи тоа? Децата со умерено оштетен слух често имаат проблеми да следат кога некој друг зборува, особено во бучни ситуации. За споредба, лесно затворете си ги ушите со прстите. Тие имаат тешкотии при слушањето нежни гласови како шепотење или зборување од далечина. Затоа мораат да носат помагала за слушање. Следниот пат кога ќе видите некој кој носи вакво помагало, приближете му се и воспоставете очен контакт кога разговарате со него. Не му викајте и не зборувајте гласно. И што е најважно, бидете трпеливи“ – пишува таа.
„Ќерка ми е глува, но не е различна од другите деца. Таа е паметна, забавна, грижлива и мила и е најсреќното девојче што го познавам. Многу ја сакам и сум среќна што Бог ме избра да ѝ бидам мајка“ – додава Патриша.