Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: 70-годишен бездомник стана првиот човек кој живее во 3D печатена куќа

ФОТО: 70-годишен бездомник стана првиот човек кој живее во 3D печатена куќа

Тим Шеј е поранешен зависник од дрога чиј живот комплетно се промени благодарение на напредната технологија. 70-годишниот маж, кој долги години бил бездомник, сега ја доби честа да започне да живее во 3D печатена куќа во Остин, Тексас.

„Никогаш не можев да замислам дека еден ден ќе живеам во вакво прекрасно место. Се надевам дека ќе останам тука до моите последни денови“ – изјавил Тим.

Тој додал дека поради минатиот начин на живот, честопати чувствувал потреба да се крие од светот. „Од лично искуство, од мојот претходен животен стил, сметам дека развив заштитна школка. Не се чувствував безбедно и секојпат кога ќе имав можност, се криев и се изолирав. Никогаш не сакав да комуницирам со луѓе“ – вели Тим.

3D куќи 3D куќи 3D куќи

Благодарение на компанијата „Icon“ досега се направени шест вакви куќи.

Извршниот директор на компанијата, Џејсон Балард, изјавил дека мисијата им е да „направат достоинствено домување достапно за сите, секаде“. За печатење на една куќа потребни се 48 часа.

3D куќи 3D куќи 3D куќи 3D куќи 3D куќи 3D куќи 3D куќи 3D куќи 3D куќи 3D куќи

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.