Почетна » Новости » Занимливости » „Фит сум не само физички, туку и ментално“: Мајка која имала 125кг и била во депресија си ја преполови тежината

„Фит сум не само физички, туку и ментално“: Мајка која имала 125кг и била во депресија си ја преполови тежината

Жена ја преполови својата тежината и целосно си го промени не само физичкиот изглед, туку и менталното здравје.

Десири Хант Десири Хант Десири Хант

Во 2012 година, Десири Хант била во тешка депресија и се чувствувала мизерно поради изгледот. Откако родила две деца, таа тежела 125 килограми и внесувала по 5.000 калории дневно.

„Додека растев, моето семејство немаше никакво познавање за хранливите состојки. Јадевме тоа што имаше, а имаше многу леб, многу пакувани лесни оброци. Бидејќи немавме многу пари, имаше многу евтина храна која не е најздрава. Во тинејџерските години сакав да се забавувам. Со години работев во Мекдоналдс и воопшто не размислував за храната или хранливите состојки или за вежбањето... Јадев сè што ќе посакав. Потоа родив деца и јадев сè што јадеа и тие“ – објаснила таа.

Десири Хант Десири Хант Десири Хант Десири Хант

„Бев во депресија, но си кажував себеси дека сум ОК. Си давав изговори сама на себе, си велев дека тоа е во ред затоа што сум мајка, но воопшто не бев среќна. На 125 кг, бев мизерна.“

„Колку повеќе тежев, престанував да ги посетувам моите пријатели, избегнував одредени луѓе, не сакав да одам во забавни паркови со моите деца, не сакав да носам ништо друго освен големи џемпери. Сакав само да се скријам... Знаев дека морам да направам промени“ – рекла Хант за моментот кога одлучила да си го трансформира животот.

Десири Хант Десири Хант Десири Хант

За да си ја постигне целта и да ги намали килограмите, Десири започнала да изучува нутриционизам, да ги пресметува макронутриенти кои ги внесувала и да посетува фитнес сала.

Десири Хант Десири Хант

„Започнав со половина час до 45 минути кардио дневно и кревање тегови. Така започна моето патување и никогаш не погледнав назад. Не само што слабеев, туку и не скратив ништо од мојата исхрана. Бев среќна и се чувствував одлично. Сè уште можам да јадам леб, сè уште можам да јадам јаглехидрати, сè уште можам да си дозволам парче торта“ – смета Хант.

Десири Хант Десири Хант Десири Хант Десири Хант

Само за 18 месеци, таа ослабела 68 килограми. Две години по започнувањето на нејзиното фитнес патување, Десири го отстранила вишокот кожа од телото. Сега, се чувствува одлично во сопствената кожа.

„Повеќе не сум во депресија и немам екстремна анксиозност. Сега кога сум физички фит, јас станав и ментално фит“ – вели таа.

Десири Хант Десири Хант Десири Хант

Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12007 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.