Почетна » Новости » Занимливости » Уште еден турнир во падел во ТК Теннис Парк

Уште еден турнир во падел во ТК Теннис Парк

ТК „Теннис Парк" - Скопје кој е дел од Спортскиот Центар Јане Сандански, оваа сабота организира уште еден турнир во падел! Турнирот е рекреативен и може секој да се пријави, а падел е спорт кој дефинитивно секој може да го игра.

Искуството од првиот турнир со кој привлековме имиња од професионалниот тенис во Македонија, нè поттикна да организираме уште еден турнир од ваков тип.

Tурнир во падел

Турнирот ќе се одржи во сабота (8 октомври) со почеток во 12 часот. Пријавувањето е во парови од двајца (машки, женски или мешано) и чини 200 денари по пар. Сите заинтересирани можат да закажат и бесплатен тренинг во петок кој воедно е и последен ден за пријавување.

Tурнир во падел

За повеќе информации посетете ја нашата веб страница www.scjanesandanski.mk и прочитајте повеќе за овој спорт кој стана најголемата спортска атракција во нашата земја.

Погледнете го видеото со тренерите на Р.К. Вардар, Раул Гонзалес и Давид Дејвис, додека играат падел.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11279 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.