Почетна » Новости » Занимливости » Упорноста се исплаќа: Мајка на три деца покажува колку може да се напредува во јогата

Упорноста се исплаќа: Мајка на три деца покажува колку може да се напредува во јогата

Ако сакате да бидете успешни во она што го правите, морате да бидете упорни. Веред е доказ за тоа.

Инспиративната мајка на три деца практикува јога и со фотографии „пред и потоа“ на Instagram ја покажува својата лична трансформација од изминатите 5 години. Таа тврди дека секој може да ги постигне нејзините резултати. „Вежбајте и резултатите ќе дојдат“ – вели Веред.

Веред Веред

„Кога започнав да практикувам јога, не мислев дека за неколку години толку многу ќе се подобрам. Вежбав затоа што јогата ми даваше одреден простор и мир на умот. Ми помагаше да се гледам себеси на различен начин.“

Веред

„Секојпат кога ќе ја раширев постелката, се чувствував како да седам пред самата себе и да се прашувам ‘Како си Веред?’. Тоа ми делуваше позитивно, бидејќи најчесто ова прашање јас им го поставував на другите. Многу луѓе ме прашуваат како да започнат да практикуваат јога. Одговорот е многу едноставен, започнуваш со желба. Едноставно треба да го направиш првиот чекор, кој е и најтежок, останатото само ќе дојде“ – вели Веред.

„Не можам да бидам жената десно...“, но дали можеш да биде жената лево? Бидејќи таа беше онаа која започна да вежба со 3 мали девојчиња кои трча наоколу. Таа беше онаа која стануваше од каучот навечер за да вежба наместо да гледа ТВ. Таа беше онаа која се заљуби во јогата и во еден момент, се заљуби во самата себе, бидејќи промената е многу повеќе од физичка. Таа допира сè, и телото, и умот и душата.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11216 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.