Почетна » Новости » Занимливости » Уникатен божиќен подарок за девојче со белег на лицето: Посветената мајка ѝ набавила кукла со идентичен белег

Уникатен божиќен подарок за девојче со белег на лицето: Посветената мајка ѝ набавила кукла со идентичен белег

Кејти Креншо подготвила прекрасно божиќно изненадување за својата ќеркичка Чарли, која има белег на образот. Посветената мајка му подарила на девојчето специјално изработена кукла која има ист белег како нејзиниот. Штом ја видела насмевката на лицето на својата ќеркичка, Кејти била сигурна дека избрала најдобар подарок и дека неизмерно ја израдувала малата Чарли.

Чарли Чарли Чарли

Мајката од Калифорнија смета дека куклите се отелотворување на цврстите стереотипи во однос на женскиот изглед и затоа не се погодни за девојчиња кои изгледаат различно. Таа го сподели искуството во објава на Facebook, која за кратко време се прошири на социјалните мрежи и предизвика топли емоции кај илјадници луѓе.

„Како мајка на Чарли, отсекогаш бев отворена за нејзиниот фацијален белег (infantile hemangioma) и бев гласноговорник за прифаќање и свест. Сѐ до неодамна, Чарли беше блажено несвесна дека таа има плус една карактеристика којашто ја прави уникатна. Ја контактирав сопственичката на мала продавница која изработува квалитетни кукли. Не само што се согласи да изработи персонализирана кукла за Чарли туку и се понуди да ја направи како подарок. Таа побара фотографија од лицето на Чарли и некои други нејзини преференции, како на пример коса, облека и чевли. Кога беше готова, не можев да си поверувам колку беше детализиран белегот на куклата и колку таа изгледаше точно како Чарли!

Имав испланирано да ѝ ја дадам куклата на Чарли на Божиќ, но не можев да дочекам. Кога ѝ ја дадов куклата, нејзините очи светнаа – таа веднаш го допре нејзиниот образ и се насмевна. Сега Чарли има кукла која изгледа ТОКМУ како неа, благодарение на Little Plain Jane! Времето и грижата кои ги одвои оваа продавница за да го направи белегот идентичен на оној на Чарли ме остави без зборови. Чарли ја нема спуштено куклата откако ѝ ја дадов и ѝ го даде името (потполно самостојно): Принцеза Образ. Ова е најпрекрасниот подарок што можевме да го добиеме за Божиќ. Ова мало девојче никогаш не било посреќно“.

Чарли Чарли Чарли Чарли

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11964 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.