Почетна » Новости » Занимливости » „Уморна сум од натпреварувањата меѓу мајките, не може ли да се охрабруваме една со друга?“

„Уморна сум од натпреварувањата меѓу мајките, не може ли да се охрабруваме една со друга?“

Блогерка преку искрен текст ги поттикнува мајките да престанат да го гледаат мајчинството како поле за натпреварувања и споредби, и да започнат да се охрабруваат една со друга.

Како и многу други мајки, и Кристин Род постојано ги слушала луѓето во текот на бременоста кои ја заплашувале дека кога ќе се роди нејзиното бебе сè ќе стане само полошо, дека тоа постојано ќе плаче, дека ќе се зголемат кавгите со сопругот, дека куќата ќе ѝ биде секогаш неуредна...

Но, откако се родило нејзиното бебенце, таа открила дека мајчинството има прекрасни страни за кои луѓето не зборуваат. За да ги охрабри идните мамички, таа напиша искрен текст:

Бебе

Уморна сум од натпреварувањата меѓу мајките.

Драга возбудена трудница, мислиш дека си изморена... само почекај.

Само почекај до моментот кога твоето бебе нема да спие, кога брадавиците ќе те болат, кога ќе те боли да седнеш, и кога со сопругот ќе се карате многу повеќе од вообичаено.

Само почекај... веројатно ќе западнеш во депресија, никогаш нема да си го вратиш телото кое го имаше, куќата секогаш ќе ти биде хаос, а социјалниот живот ќе ти исчезне.

Може ли некој да ми каже зошто ова е основното писмо „Добредојде во мајчинството“ кое се испраќа? Јас сум го добила. Многу од моите пријатели го добиле. Претпоставувам дека и вие сте го добиле.

Каде се добрите работи?

Зошто никој не ми кажа дека ќе леам солзи-радосници првиот пат кога Џејкоб ќе ми се насмевне? Дека заедно со сопругот ќе пронајдеме нов ритам и дека родителството ќе ни открие нова сила што не сме знаеле дека ја имаме?

Каде беа мајките да ми кажат дека малечките ја паузираат својата игра за да ти подарат лигав бакнеж, бидејќи очигледно во нивниот мал мозок си помислувале колку многу те сакаат?

Зошто ми беа потребни месеци за едноставно да прифатам дека го ОБОЖАВАМ доењето и тоа што сум единствената што можам да го смирам моето бебе? Зошто имам чувство како да правам нешто погрешно поради тоа што уживам?

Може ли да се откажеме од однесувањето од типот „Јас сум поуморна од тебе“ и да започнеме да се охрабруваме една со друга?

Драга нова трудница... само почекај.

Почекај да погледнеш во нивните очи за првпат и да почувствуваш целосно ново ниво на љубов.

Само почекај додека да дојде 3 часот наутро, а тебе воопшто да не ти е гајле дека си будна, бидејќи мирисот на твоето бебенце тотално те опива.

Само почекај додека да ти викне „Мама“.

Само почекај да видиш колку добар татко ќе стане твојот сопруг.

Само почекај неговиот карактер да „расцути“.

Само почекај додека да почувствуваш неизмерна гордост секојпат кога тоа ќе направи нешто ново.

Мамичке, почекај. Ќе станува само подобро!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.