Секој од нас во одреден период од животот посакал да живее сам и да може да ужива во слободата и независноста.
Артистката Yaoyao Ma Van As создава илустрации инспирирани од среќните моменти кои ги доживеала додека живеела сама.
Уживање во тишината за време на утринското кафе, готвење без да се грижиш дали ќе направиш неред во кујната, насладување со слатки закуски без да се срамиш од големиот апетит, посветување на доволно време во релаксација и пронаоѓање себеси, плачење на романтичен филм без да се грижиш дали некој те гледа, слушање гласна музика и пеење кога знаеш дека тоа нема на кого да му пречи...
Некои луѓе се плашат да не западнат во канџите на самотијата, но Yaoyao Ma Van As покажува дека токму тие моменти можат да бидат магични. „Сам не значи осамен! Понекогаш можеш да бидеш опкружен со стотици луѓе, но сè уште да се чувствуваш изолиран“ – изјавила таа за Huffington Post.








„Пред да се свестам, започнав да цртам искуства од мојот живот, бидејќи ми беше многу лесно да ги прикажам. Омилениот дел ми беше што можев да пуштам музика да ечи низ станот“ – додала таа.






Талентираната артистка очигледно е љубителка на животните, па во речиси секој цртеж е вклучено нејзиното кученце.

































