Билните суровини се природни суровини со огромен потенцијал и широк спектар на дејства врз човековиот организам. При концепирање природен производ, особено е значајно дефинирањето на главната/ите состојка/и, како и ограничувањата кои мора да бидат правилно поставени во однос на дозирањето, возрасните граници на корисниците, можните интеракции и несаканите ефекти.
Производната палета HERBAL на „Алкалоид“ нуди производи во облик на капки, гел, сируп, крем, капсули и масла, наменети за широк спектар на индикации. Регистрирани во согласност со националните регулативи за овој тип производи, со одобренија за пуштање во промет од соодветните институции, Агенцијата за лекови и медицински средства - МАЛМЕД и Агенцијата за храна и ветеринарство, HERBAL производите имаат строго контролиран квалитет и загарантирана безбедност. Истите непречено може да ги употребуваат и сосема здрави лица, за подобрување на функциите на одредени системи, како имунолошкиот, циркулаторниот, системот за варење, респираторниот, како и метаболните процеси.
Ехинал и Тимиал капките можат да се користат пред започнување или во екот на сезоната на настинки и грип, капсулите Уринохербал и Билните капки од коприва се препорачуваат за одржување на нормалната функција на уринарниот систем, додека Женшен капсулите се препорачуваат за подобрување на мноштво состојби, меѓу кои и издржливост на организмот при потешка умствена и физичка работа, при спортски активности, за подобрување на работната способност, концентрација и слично. Производите од палетата се вклопуваат и во концептот кој вклучува безбедно користење природни производи при појави како што се одредени кожни промени (рани, изгореници, лузни, убоди), состојби со отоци, скршеници и слични спортски повреди, состојби при кои се препорачуваат геловите со невен, жолт кантарион и гавез.
HERBAL линијата е изработена во согласност со концептот за здрав живот, кој сé поинтензивно се пропагира во светски рамки, барајќи промена на голем дел од секојдневните навики и ставајќи ја превенцијата во прв ред, во рамки на борбата чија главна цел е Здравјето пред сé!
HERBAL палетата ги содржи следниве производи:
Капки:
Венохербал - помагаат за подобра циркулација;
Ехинал - го помагаат зајакнувањето на имунитетот;
Валериал – го помагаат смирувањето;
Тимиал - помагаат за подобрување на одбранбената активност на организмот;
Бил-ол - за инхалација – помагаат за олеснување на симптомите на настинка и главоболка;
Билни капки од артичока – придонесуваат за нормална функција на црниот дроб и жолчката;
Билни капки од лук – помагаат за нормална функција на одбранбената функција и за нормална циркулација;
Билни капки од коприва – помагаат за нормална функција на уринарниот систем;
Билни капки кои помагаат за зголемување на апетитот – придонесуваат за одржување на нормален апетит;
Билни капки кои го помагаат слабеењето – помагаат за регулирање на телесната тежина.
Капсули:
Уринохербал – придонесуваат за одржување на нормалната функција на уринарниот систем;
Женшен – помагаат за подобрување на издржливоста на организмот при потешка умствена и физичка работа и за ублажување на стресни состојби.
Гелови:
Гел со невен – помага при воспалителни процеси на кожата, при изгореници, лузни и убоди од инсекти;
Гел со жолт кантарион – помага за олеснување на симптомите од хемороиди, при изгореници, лузни;
Гел со гавез – помага за олеснување на состојби со отоци, со хематоми, со скршеници и со спортски повреди;
Бил-ол гел – помага за олеснување на симптоми на настинка и за ревматски и мускулни болки.
Сируп:
Примулин сируп - помага во олеснување на искашлувањето.
Креми и масла:
Крем што помага за олеснување на симптоми при појава на хемороиди и при хронична венска инсуфициенција, проширени вени;
Масло од кантарион – помага при изгореници, исеченици, рани, како и при нарушувања во системот за варење.