Почетна » Новости » Занимливости » Убавината на здравата коса, кожа и нокти

Убавината на здравата коса, кожа и нокти

Сјајната коса, меката кожа и здравите нокти претставуваат идеална убавина за многу луѓе. Правилната исхрана на организмот има влијание не само за убава коса, туку и за убави и здрави кожа и нокти. Но, покрај здравата исхрана потребно е и дополнително снабдување со хранливи состојки и материи потребни за косата и ноктите.

Особено важна е дополнителна суплементација во овој пролетен период, заради зголемување на опаѓање на косата. Нормалното секојдневно опаѓање на косата е од 50 до 100 влакна. Најчесто е 50 влакна на ден, но при сезонски промени, како што е пролетта, може да дојде и до опаѓање на 100 влакна во тек на денот. Нам можеби тоа ни изгледа како многу, но сепак тоа е опаѓање кое се движи во нормалните граници. Кај најголем број индивидуи косата која паднала во тек на пролетта, повторно израснува. Обично сезонското губење на косата трае 4 - 6 недели и потоа се намалува, а косата почнува повторно да расте. Затоа е добро во овој период да се консумираат свежо овошје и зеленчук, но и дополнително да се внесуваат витамини и минерали, со цел да му помогнеме на организмот побрзо да се прилагоди на промените на времето.

Во продолжение, дел од витамините и минералите кои се од особена важност како за здрава коса, така и за здрави и убави кожа и нокти.

Ливсане

Најпрвин, групата на Б витамини, од кои со најголема важност е витаминот Б7 односно биотин. Се смета дека биотинот допринесува за зголемување на синтезата на кератинво телото. Кератинот е основен протеин кој ја сочинува структурата на косата, кожата и ноктите. Студиите покажуваат дека зголемениот внес на биотин може да го поттикне растот на косата. Во студии кои биле изработени со цел докажување на дејството на биотин, истражувачите откриле дека жените кои земале таблети биотин имале значителен пораст на нова коса во однос на оние кои земале таблети со плацебо ефект.

Селенот е исто така многу важен минерал кој на организмот му е потребен заради извршување на повеќе функции во човечкото тело. Селенот е клучен во улогата на голем број ензими преку кои учествува во убивањето на слободните радикали и на тој начин поттикнува раст на здрава коса. Симптоми при недостиг на селен се:губење на бојата на косата и кожата, посивување на ноктите, паѓање на косата и алопеција. Селенот исто така го намалува првутот преку уништување на габата Malassezia globosa од скалпот, главниот причинител за оваа појава. Селенот е и антиинфламаторен агенс. Се користи и во третман на псоријаза, лупус и егзема. Селенот се користи и за лекување на акни. Концентриран во тироидеата, која всушност игра голема улога во регулација на растот на коса, а со тоа и на губење т.е. опаѓање на истата. Заедно со цинкот, селенот се препорачува при опаѓање на косата. Цинкот е уште една витална компонента за здрави нокти. Тој игра важна улога во синтезата на протеини и е неопходен за раст на ткивото. Недостатокот на цинк е поврзан со намален раст на ноктите. Покрај тоа, бели дамки на ноктите може да бидат предизвикани од недостаток на цинк во исхраната. Цинкот помага и за одржувањето на добар изглед на кожата. Тој го контролира лачењето на лојните жлезди и помага во борбата против акните.

Бакарот учествува во зголемување на фоликулите на косата и го намалува изретчувањето на косата. Може да спречи и предвремено белеење на косата. Од аспект на убавина на кожа, може да ја намали инфламацијата и да овозможи свеж и млад изглед на кожата. Учествува во градење на колагенот со што придонесува за еластичноста и цврстината на кожата, а воедно помага и во намалување и спречување на појава на брчки. Бакарот помага во продукцијата на меланин, пигмент која ја заштитува кожата од УВ радијација.

Освен правилна суплементација, секако дека многу важен е и целовкупниот и правилен начин на живот, физичка активност и намалување на стресни ситуации, како важни фактори во превенцијата за опаѓање на косата. Важно е и да се внесува доволно зеленчук и овошје и да се пијат доста течности. На овој начин можеме да го минимизираме опаѓањето и да му помогнеме на организмот побрзо да се прилагоди на промените на времето.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11131 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.