„Дванаесет македонски спортистки. Убави, храбри, силни, издржливи и најдобри. Под мотото 'Вода за најдобри' нашата компанија годинава покажува дека и жените спортисти заслужуваат подеднаков третман и внимание!“ - вака од Пелистерка го опишуваат календарот за 2018 година.
На фотографиите позираат: Берна Шерифовска (џудистка), Наташа Андонова (фудбалерка), Едина Муса (кошаркарка и боди фитнес), Дрита Ислами (атлетичарка), Леана Таќи (триатлонка), Миљана Ристиќ (маратонка), Елена Чуркоска (кајакарка), Катерина Николовска (велосипедистка), Стефани Тодорова (кик боксерка), Ивана Јанкова (одбојкарка), Марија Божиновска (боди фитнес) и Нина Ѓорѓевиќ (каратистка).












„Идејата на календарот годинава е да покажеме дека имаме македонски жени спортистки кои што се силни, истрајни, храбри, убави и најдобри во тоа што го прават. Затоа и мотото годинава е Пелистерка, вода за најдобри! Ги одбравме, според нас, најдобрите во својата област. Овие 12 девојки се синоним за сила за моќ за успеси. Дисциплинирани и истрајни во она до што се стремат да стигнат, нашата компанија годинава само ќе им биде ветер во грб. Соработката со нив не завршува со календарот. Ќе се дружиме со сите нив низ сите нивни спортски походи и во иднина“ – изјави Тања Панделеска маркетинг директорка на Пелистерка.