Почетна » Новости » Занимливости » „Ти благодарам, мамо“: Емотивна реклама посветена на мајките и нивната безусловна љубов кон децата

„Ти благодарам, мамо“: Емотивна реклама посветена на мајките и нивната безусловна љубов кон децата

„Замислете ако светот можеше да го види тоа што мајката го гледа“ – е мотото на новата реклама на Procter & Gamble направена за Зимската олимпијада.

Рекламното видео е насловено „Ти благодарам, мамо“ и е посветено на безрезервната љубов и поддршката која мајките цел живот им ја пружат на своите деца, со што ги водат низ трнливиот пат до успехот.

Во него, прикажани се млади спортисти кои се соочуваат со препреки поради религија, пол, боја на кожа и физички недостатоци, но успеваат да ги прескокнат бариерите и да напредуваат благодарение на љубовта на мајките и нивните охрабрувачки зборови.

Кампањата е инспирирана од вистински приказни на успешни спортисти. Зимските олимписки игри ќе започнат на 9 февруари 2018 година.

Потсетете се и на претходните кампањи на P&G кои го слават мајчинството.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11992 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.