Почетна » Новости » Занимливости » Телеком подарува: HBO без дополнителен надомест за MaxTV корисниците и 10 GB мобилен интернет за постпејд корисниците

Телеком подарува: HBO без дополнителен надомест за MaxTV корисниците и 10 GB мобилен интернет за постпејд корисниците

ТВ сериите отсекогаш биле еден од најгледнатите и најомилени ТВ формати. Сигурно секој од нас за само неколку секунди може да се сети барем на една серија што ја следел која многу му значела, и едвај чекал на терминот за гледање. ТВ сериите биле, и сѐ уште се највлијателниот медиумски формат во светот, а снимањето телевизиски серии претставува голем предизвик, па дури и за Холивуд. Потребни се огромни буџети, одлична актерска и продуцентска екипа, одлично сценарио за да се создаде ТВ производ кој ќе биде гледлив, популарен. Луѓето дефинитивно сакаат да гледаат работи со кои лесно се поистоветуваат, кои ја предизвикуваат нивната љубопитност.

ТВ сериите имаа и силна социјална компонентна, бидејќи тие најчесто се следат во друштво или во кругот на семејството. Зарем има поголема релаксација од отргнување од секојдневните животни случки со 50-минутна добра серија?

Македонски Телеком

Благодарение на МахТV на Македонски Телеком, која деновиве слави 10 години, имавме можност да гледаме светски популарни ТВ серии како „Игра на тронови“, „Сопранови", „Викинзи“ „Вестворлд“... да ја гледаме HBO најпознатата светска филмска програма. Секој месец да уживаме во повеќе од 180 наслови, со врвен квалитет, со македонски превод и без реклами.

МахТV дефинитивно понуди нешто ново, донесе можност за избор, за едукација, за гледање квалитетни ТВ програми, ексклузивни премиери на блокбастери, наградувани мегапопуларни серии, концертии контроверзни документарци.

МахТV на Македонски Телеком овозможи бесплатно да се гледаат триесет и осум култни, легендарни македонски филмови, покажувајќи на тоj начин дека се грижи и за македонското културно богатство што треба да се пренесува низ генерациите како заедничка културна меморија. Меѓу нив се и незаборавните „Фросина“, „Најдолгиот пат“, „Црно семе“, „Исправи се, Делфина“, „Џипси меџик“, „Тетовирање“, како и поновите „Панкот не е мртов“ и „Медена ноќ“.

По повод десеттиот роденден, Македонски Телеком подарува HBO без дополнителен надомест за MaxTV корисниците и 10 GB мобилен интернет за постпејд корисниците. MaxTV останува вашата омилена телевизија, со нови, ексклузивни содржини и услуги со премиум квалитет.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26291 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.