Почетна » Новости » Занимливости » Таткото на Меган Маркл сподели дека му рекол на принцот Хари: „Вети ми дека никогаш нема да кренеш рака на ќерка ми“

Таткото на Меган Маркл сподели дека му рекол на принцот Хари: „Вети ми дека никогаш нема да кренеш рака на ќерка ми“

Томас Маркл беше во центарот на драма пред кралската свадба откако беше разоткриено дека местел папараци фотографии и откако поради здравствени проблеми во последен момент го откажа присуството на церемонијата.

73-годишниот татко на Меган Маркл во првото интервју по свадбата отворено проговори за моментите кога дознал за нејзината врска со принцот Хари, за следењето на свадбата преку телевизиските екрани и за лажираните папараци фотографии.

Маркл

„Првите телефонски повици беа: 'Тато, имам нов дечко.' А јас ѝ реков дека тоа е убаво. Таа ми кажа дека е Британец и јас и реков дека тоа е навистина убаво. Најпосле, на третиот повик ми кажа: 'Тој е Принц'. Тогаш ми откри дека е Хари“ - раскажа Томас и дополни дека на почетокот Хари го споменувале само како „Х“ за никој да не дознае пред врската да биде официјално претставена пред јавноста.

Принцот Хари преку телефон од Томас побарал дозвола да се ожени за Меган. „Хари ја побара нејзината рака преку телефон, а јас реков: Ти си џентлмен. Вети ми дека никогаш нема да кренеш рака на ќерка ми и се разбира јас ти давам дозвола“ - изјави Томас за „Good Morning Britain“.

Маркл

Томас објасни дека со лажираните папараци фотографии се обидувал само да си го подобри имиџиот, а не да заработи пари и дека им се извинил на Меган и Хари за скандалот.

Маркл

Непосредно пред свадбата, тој доживеа срцев удар и беше принуден да остане во САД каде му беше направена операција. Томас ја проследил свеченоста од мала соба преку телевизиските екрани. „Поради тоа што имаше новинари насекаде околу болницата, пријател ми најде мало место да се сокријам и да закрепнам и од тој мал стан ја гледав свадбата. Таа беше убава. Беше неверојатно кога ја гледав, плачев малку. Бев многу горд, не е можно да видам подобар момент во животот. Бев малку вознемирен што не бев јас, но целиот свет ја гледаше мојата ќерка, бев многу среќен за тоа. Лошото за мене сега е што сум фуснота на еден од најголемите моменти во историјата, наместо таткото што ја испрати до олтарот“ - рече тој.

Меган зачекори во црквата сама, а потоа беше придружувана до Хари од неговиот татко, принцот Чарлс.

Маркл

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9525 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.