Почетна » Новости » Занимливости » По срцев удар и скандал со местени папараци фотографии, таткото на Меган Маркл не оди на кралската свадба за да не ја срами

По срцев удар и скандал со местени папараци фотографии, таткото на Меган Маркл не оди на кралската свадба за да не ја срами

Таткото на Меган Маркл се најде во центарот на скандал кој создаде медиумска драма непосредно пред нејзината свадба со принцот Хари.

Имено, вчера беше обелоденето дека Томас Маркл во договор со папараци создавал местени фотографии кои се распространуваа низ целиот свет, а беше објавено и дека во меѓувреме тој доживеал срцев удар. По сето тоа, тој сподели дека нема да присуствува на свадбата за да не ги срами Меган и кралското семејство пред јавноста.

Еве како се развиваше скандалот:

Во изминатиов период, британските медиуми објавуваа папараци фотографии на кои Томас се подготвува за свадбата. Очигледно беше дека станува збор за договорени фотографии.

Маркл

Најголемо внимание привлече „тажна“ фотографија на која Томас гледа фотографија од Меган и Хари во интернет-кафе. Видео до кое стигна Daily Mail покажа како Томас се договара со фотограф од кој агол да биде фотографиран.

Маркл

На дел од фотографиите на Томас му земаа мерки за одело за претстојната свеченост или тој вежбаше со тегови. Подоцна беше разоткриено дека момчето кое зема мерки не е ни приближно поврзано со кројач и дека вежбите се само за подобрување на имиџот.

Маркл Маркл Маркл

Daily Mail тврди дека заработката од фотографиите кои биле објавени низ целиот свет се движи околу 100.000 долари.

Томас за порталот TMZ признал дека се работи за местени фотографии, но дека не ги направил за пари, туку за да си го подобри имиџот затоа што претходно папараците го прикажувале во најлошо светло. Тој вели дека и претходно добивал големи суми за интервјуа, но секогаш ги одбивал, а сега, намерите му биле добри. Сепак, тој е категоричен дека жали за последиците и тврди дека нема да присуствува на свадбата за да не ја срами Меган и целото кралско семејство.

За да е ситуацијата подраматична, „истече“ вест дека Томас доживеал срцев удар пред само неколку дена, но дека брзо закрепнал и ја напуштил болницата со намера да оди на свадбата. Но, по скандалот со папараци фотографиите, се повлекол од улогата да ја испрати Меган до олтар.

По целиот скандал, многумина оправдано се прашуваат дали срцевиот удар навистина се случил, особено затоа што Томас беше фотографиран како купува брза храна во деновите по сериозниот здравствен проблем.

Маркл Маркл

Меган и Хари ќе стапат во брак на 19 мај.

Маркл Маркл Маркл

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.