Почетна » Новости » Занимливости » Татко создаде бајковити фотографии инспирирани од „Убавицата и ѕверот“ со малата ќеркичка

Татко создаде бајковити фотографии инспирирани од „Убавицата и ѕверот“ со малата ќеркичка

Талентиран татко ѝ даде неверојатен подарок на својата мала ќерка за Св. Валентин. Инспириран од љубовта на ќерка си кон анимираниот филм „Убавицата и ѕверот“, фотографот Џош Роси создал магични фотографии на кои малата Нели е претставена како ликот Бела.

Фотографии на Џош Рос Фотографии на Џош Рос

„Сакав да има нешто што ќе ја претставува врската која ја имаме ние двајцата. Нормалната фотографија не е доволна за мене. Константно снимам видеа и фотографирам, обидувајќи се да го овековечам секој момент што го поминувам со неа“ – изјавил посветениот татко.

Додека бил на патување низ Европа, Џош фотографирал вистински замоци, а потоа со дигитална обработка успеал да ги спои тие фотографии со фотографиите од фотосесија за која малата Нели носела фустани како од популарната бајка.

Фотографии на Џош Рос Фотографии на Џош Рос Фотографии на Џош Рос

Идејата на Џош е да има што повеќе спомени, но и да поттикне други татковци да поминуваат повеќе време со своите ќерки. „Искрено се надевам дека татковците ќе бидат инспирирани да поминуваат повеќе време со ќерките и да пронајдат нешто што можат да го прават заедно за да се поврзат“ – рекол тој.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11334 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.