Почетна » Новости » Занимливости » Татко си направи тетоважа како лузната на синот болен од рак за да му ја врати самодовербата

Татко си направи тетоважа како лузната на синот болен од рак за да му ја врати самодовербата

Грижлив татко си истетовира на главата „лузна“ идентична на лузната од операција на неговиот син за да му ја врати изгубената самодоверба.

Габриел и Џош

На 8-годишниот Габриел му бил дијагностициран малиген тумор на мозокот во март минатата година, по што следувала операција и третмани со хемотерапија. Иако состојбата на Габриел се стабилизирала и туморот престанал да се шири, тој се чувствувал непријатно во својата кожа бидејќи луѓето постојано зјапале во неговата лузна.

Габриел и Џош Габриел и Џош

Кога Габриел му признал на татко си дека се чувствува како „чудовиште“, тој знаел дека мора да преземе нешто. „Кога го слушнав тоа, ми се скрши срцето“ – рекол Џош кој одлучен да му ја врати самодовербата на синот, си направил идентична „лузна“ на главата.

„Му реков: Ако луѓето сакаат да зјапаат, нека зјапаат во двајцата“ – раскажал таткото.

Фотографијата од Џош и Габриел, на која тие позираат со „лузните“ стана вирален хит на социјалните мрежи откако победи на натпревар за „Најдобар ќелав татко“ организиран по повод Денот на таткото. Во натпреварот учествуваат мажи кои си ги избричиле главите за да поддржат дете болно од рак.

Габриел и Џош

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11344 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.