Почетна » Новости » Занимливости » Си го истетовираа белегот на ќерката за таа да не се срами и да се чувствува специјално

Си го истетовираа белегот на ќерката за таа да не се срами и да се чувствува специјално

Хани-Реј е 18-месечно девојче родено со огромен розов белег кој прекрива половина од десната страна на нејзиното тело. Па, за таа да не се срами и да се чувствува специјално, нејзините родители решиле да си го истетовираат истиот белег на своите тела.

Тетоважи

„Сакавме Хани-Реј да се чувствува специјално, да смета дека нејзиниот белег е нешто со кое треба да се гордее, а не нешто од кое да се срами“ – рекла во интервју за Mirror мајката Тања, откако фотографиите од неа и сопругот го обиколија светот.

Хани-Реј и родителитеХани-Реј со своите родители Адам и Тања

Тања и нејзиниот сопруг Адам, кои имаат четири деца, решиле да го направат смелиот потег откако Тања се нашла во непријатна ситуација додека шетала со ќерка си. Имено, повозрасна жена започнала да му шепоти на нејзиниот сопруг, зјапајќи во ногата на Хани-Реј. „Бев избезумена. Првпат излеговме без да ја покријам, а тоа ми ги потврди сите грижи и стравови. Луѓето се злобни без да го сфатат тоа. Знаев дека ако возрасните можат да бидат толку нечувствителни, тогаш и децата на училиште може ненамерно да бидат злобни“ – рекла Тања.

Па, за Хани-Реј да не се чувствува различна и да не се засегнува од некултурните коментари на луѓето, нејзините родители се погрижиле таа да расте опкружена со љубов. „Знаевме дека треба да направиме нешто за Хани-Реј да расте знаејќи колку многу е сакана“ – објаснила грижливата мајка.

Пред Божиќ, Тања платила 80 фунти за да му ја подари посакуваната тетоважа на својот сопруг, а тој за возврат ја платил нејзината тетоважа како подарок за нејзиниот 40. роденден.

Хани-Реј и АдамХани-Реј и Адам

„Беше неверојатно болно, особено затоа што направив цвеќе за да покријам стара тетоважа во форма на ѕвезда, но вредеше секоја секунда помината во болка. Кога отеченоста исчезна, ѝ ја покажав тетоважата на Хани-Реј, а таа нежно ја допре и со насмевка на лицето рече дека се исти и покажа на својата нога“ – рекла Тања во интервјуто. „Ако ми беше потребна потврда дека ја донесов вистинската одлука, тоа беше тој момент“ – додала среќната мајката.

Хани-Реј

Иако некои луѓе сметаат дека постапката на родителите е екстремна, Тања и Адам се сигурни дека тоа ќе придонесе нивната ќерка да биде посамоуверена. „Таа постојано ги допира нашите тетоважи, а потоа својата, и се смее. Не би можела да бидам посреќна“ – вели Тања.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10601 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.