Почетна » Новости » Занимливости » „Таа е најсреќното бебе на светот“: Девојче конечно си отиде дома по 694 дена поминати во болница

„Таа е најсреќното бебе на светот“: Девојче конечно си отиде дома по 694 дена поминати во болница

Понекогаш, најмалите личности меѓу нас ги водат најтешките битки.

Една од нив е Валентина Гарнети, која ги помина првите две години од својот живот во болница и го дочека моментот кога конечно си отиде дома кај семејството. Малата хероина од Мичиген беше испратена со громогласен аплауз од вработените во Детската болница „C.S. Mott“ по 694 дена поминати во неа.

Валентина Гарнети

„Таа е најсреќното бебе на целиот свет покрај сè што има поминато. Таа е најголемата радост. Сите ги сака... едноставно вистински си го сака животот“ – рекла Франческа, која е самохрана мајка на Валентина и уште две девојчиња.

Видео

Пред да се роди, на Валентина ѝ бил дијагностициран Синдром на хипопластично лево срце и таа досега поминала низ 6 операции, од кои 4 биле на отворено срце. Првата операција ѝ била направена кога имала само 2 дена.

Покрај големите хируршки зафати, слаткото бебенце имало и други компликации како анафилактични реакции и мозочен удар.

„Ужасно е, не мислам дека можеш да бидеш подготвен за нешто вакво“ – рекла Франческа.

Валентина Гарнети Валентина Гарнети

„Валентина имаше долго и тешко патување во нашата болница, но таа продолжува да нè изненадува со својата сила и издржливост. Бевме пресреќни додека ја гледавме Валентина како си заминува дома за да помине време со своите сестри и семејството – рекла една од медицинските сестри кои се грижеле за бебенцето.

Валентина Гарнети Валентина Гарнети Валентина Гарнети

Малото девојче сега е дома и ужива во друштвото на нејзините сестри, петгодишната Џијана и едногодишната Адријана.

Валентина Гарнети Валентина Гарнети

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11143 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.