Блогерка сними туторијал во кој го преобразува изгледот на својата мајка болна од рак. Таа го сподели видеото со опис „Таа е мој воин“ и доби многу комплименти онлајн.

Во туторијалот, блогерката Надина Јоана ја шминка нејзината мајка, која ја изгубила својата коса како последица на хемотерапиите. Целта на Надина била да им покаже на своите следбеници како да нашминкаат лице кое минува низ третмани со хемотерапии.

„Во ова видео покажувам како да нашминкате клиент кој минува низ третмани со хемотерапија и кој најчесто има многу чувствителна кожа и нема веѓи и трепки. Многу е важно соодветно да ја подготвите кожата пред да ставите шминка со помош на правилните продукти (крем со навлажнувачки ефект и серум за чувствителна или сува кожа). Исто така важно е да направите симетрични веѓи, кои ќе одговараат на лицето на вашиот клиент. Морате да внимавате со поставувањето на трепките, бидејќи клиентот нема да има воопшто природни трепки. Може да му е неудобно ако ги поставите погрешно“ – пишува Јоана.
Еве го целосниот туторијал:
Подоцна таа сподели фотографија од трансформацијата на мајка си, на која напиша: „Мојата убава мајка“.
