Хајди и Ед Савит започнале да веруваат во судбина откако дознале дека биле симпатии во детството, 20 години пред да стапат во брак.
Заљубените партнери, кои ова лето запливаа во брачните води, сосем случајно откриле дека прпват се засакале кога имале по само шест години.

За време на семеен ручек, мајката на невестата споменала дека Хајди имала симпатија кога била малечка, а тоа момче исто така се викало Ед. Кога го пронашла албумот од летниот одмор во Турција од пред две децении, станало јасно дека станува збор за истиот Ед.
Двете семејства, кои се обединиле со брачниот сојуз на парот, се сретнале на истото место во Турција пред 20 години, а за време на релаксираните летни денови малите Ед и Хајди биле неразделни.

„Не верував во судбина пред да дознаам за тоа, но нема дискусија – очигледно нам ни е судено да бидеме заедно“ – изјавила Хајди.
Ед и Хајди по втор пат се запознале во Лондон во 2011 година, кога се разгорила љубовната искра, а оваа година ја крунисаа својата љубов со брак.











