Почетна » Новости » Занимливости » Студент прашал професор како некој може да знае дека е со вистинската личност, одговорот го освои светот

Студент прашал професор како некој може да знае дека е со вистинската личност, одговорот го освои светот

Приказната за професор кој накратко објасни како знаел дека до себе ја има ВИСТИНСКАТА допре до десетици илјади срца ширум светот.

Љубов

Имено, за време на предавање професорот Ден Вест им дозволил на своите студенти на универзитетот во Охајо да му поставуваат прашања поврзани со љубовта и врските.

Еден од студентите го прашал: „Како една личност може да знае дека е заљубена?“.

„Едноставно те удира, не можеш да го очекуваш и не можеш да го планираш“ – одговорил тој, а потоа го раскажал моментот кога знаел дека неговата сегашна сопруга е вистинската личност со која сака да го помине целиот свој живот.

„Се враќавме од кино и наминавме во супермаркет за да купам храна за следниот ден. Разгледувавме сладоледи и додека ја гледав како избира, сфатив дека сакам да пазарувам намирници со неа до крајот на мојот живот“ – раскажал професорот.

Неколку месеци по оваа случка, Вест ја запросил саканата Вики. Тие стапиле во брак во септември 1993 година.

Љубовната приказна на Ден разнежни илјадници срца и доби бран од позитивни реакции на Twitter.

Ден и ВикиДен со сопругата Вики на нивната свадба

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11989 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.