Почетна » Новости » Занимливости » Страшило за птици инспирирано од Лејди Гага

Страшило за птици инспирирано од Лејди Гага

Лејди Гага е препознатлива по својот стил. Колку понеобично, толку поинтересно – важи за нејзината облека.

Гледајќи го нејзиното појавување на црвениот тепих на доделувањето на Brit Awards, Најџел Бритен и неговата свршеница добиле генијална идеја – да направат страшило за птици според изгледот на Гага.

Лејди Гага Страшило за птици

„Се смеевме за облеката на Лејди Гага и за нејзината необична перика и зборувавме колку страшно изгледа. Мојата свршеница на шега кажа дека треба да направиме страшило што ќе личи на неа. Прво се смеев, но потоа сфатив дека тоа всушност е добра идеја“ – изјавил Најџел.

Најџел го поставил страшилото „ала Гага“ на неговата фарма со пченка и според неговите зборови имало голем ефект.

„Ја поставивме минатата недела и досега има неверојатен ефект. Птиците мора да се преплашени од неа, затоа што не се приближуваат.“

Инвентивниот британец изјавил и дека неговиот ефективен дизајн треба да се постави на многу фарми низ Велика Британија.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11010 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.