Почетна » Новости » Занимливости » „Стара мома“: Видео го покажува притисокот врз девојките од Кина кои не се мажени до 25 години

„Стара мома“: Видео го покажува притисокот врз девојките од Кина кои не се мажени до 25 години

Видео со моќна порака го прикажува притисокот кој родителите од Кина го вршат врз своите ќерки за да се омажат до 25-тата година од животот.

4-минутното видео започнува со реченици на родители упатени кон нивните ќерки, како „Нема да почивам во мир сè дури не се омажиш“, „Премногу си пребирлива“ и „Тврдоглава си“.

Фразата „Sheng nu“, која кај нас би се поврзала со терминот „стара мома“, во Кина се користи за девојките кои се сингл во доцните 20-ти години.

Во кинеската култура, почитта кон родители е најважниот квалитет кој може да го поседува една личност, а останувањето сингл се смета за најголем знак на непочитување.

„Таа има само просечен изглед. Не е многу убава, затоа е стара мома“ – вели една мајка за својата ќерка, која со солзи во очите седи веднаш до неа.

Во продолжението на видеото, родителите посетуваат „пазари за брак“ и ги изложуваат профилите на своите деца, со цел да им пронајдат соодветен партнер.

Сакајќи да добијат разбирање и поддршка од своите родители, немажените девојки го преплавуваат пазарот со свои фотографии на кои оставаат важни пораки преку кои ги искажуваат своите ставови и чувства. „Не сакам да се омажам само заради тоа да бидам во брак. На тој начин нема да бидам среќна“, „Дури и ако останам сама ќе бидам среќна, самоуверена и ќе имам добар живот“, „Ми треба повеќе време за да ја најдам совршената личност“.

„Не дозволувај притисокот да ја диктира твојата иднина“ – се вели на крајот на видеото.

Видеозаписот е дел од кампањата #ChangeDestiny на компанијата за козметички производи „SK-II“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11257 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.