Почетна » Новости » Занимливости » Со патувања и спортски активности, „Балфин“ го зајакнува тимскиот дух кај вработените

Со патувања и спортски активности, „Балфин“ го зајакнува тимскиот дух кај вработените

Бизнис магнатот Ричард Бренсон рекол: „Клиентите не се на прво место. Вработените се. Ако се грижите за вашите вработени, тие ќе се грижат за клиентите“.

За секоја компанија, задоволниот вработен е најдобриот абасадор.

Групацијата „Балфин“ го разбира овој момент и затоа со години веќе спроведува конкретен план со цел да ги усреќи вработените во своите компании во Албанија, Косово, Македонија, Босна и Херцеговина и пошироко.

Компанијата стационирана во Тирана инвестираше многу години за да се осигура дека нејзините вработени не се само среќни, туку и се стекнале со професионални вештини преку многубројните тренинзи.

Како дополнување на многубројните поволности што „Балфин“ им ги овозможува на вработените во компаниите во различните земји од регионот, оваа групација само во текот на последните две години организираше вкупно 5.299 часови обука за околу 3.000 вработени во туристичките области од регионот како што се Колашин, Драч, Берат, Корча, но и на Сардинија, Сицилија, Фиренца и Солун.

Најголемата и најиновативната група во регионот секоја година издвојува околу 1 милион евра за да може вработените професионално да се надградуваат, да се социјализираат и меѓусебно подобро да се запознаат, да го зајакнат тимскиот дух и во исто време да се забавуваат.

Сето ова се постигнува преку различни активности,од кампањи за групни вредности, обуки, меѓусебни дружења, спортски и културни активности, до такви што го зајакнуваат тимскиот дух. Групацијата „Балфин“ ги спроведува овие активности во согласност со вредноститеспоред кои се води како дел од својата корпоративна култура.

Балфин тим билдинг

Компаниски дружења за одмор и забава на вработените

По интензивна година исполнета со работа, предизвици, професионални обврски и резултати, секој вработен заслужува да помине пријатно време во друштво на колеги, така што различните компании на „Балфин“ организираат дружења во најинтересните туристички дестинации во различни земји. Овие екскурзии најчесто се тематски, каде што, покрај туризам и релаксација, се разгледуваат и визијата и целите што треба да се остварат во иднина. Така, на едно од неодамнешните патувања организирано од Групацијата, што се одржа во градот Берат во Албанија, вработените имаа можност да бидат дел од рафтинг во кањоните на Скрапар и да ги пробаат органските производи што ги нуди Берат.

Вредносни кампањи

Групацијата „Балфин“ има неколку клучни, корпоративни вредности врз кои ги гради своите темели, како што се: партнерство, внимателност,иновативност и одговорност.

Во рамките на овие вредности, постојат посветени кампањи кои се преземаат за сите вработени во изминатите години. Во фокусот на првата беше вредноста „партнерство“. Партнерството, кое е една од основните корпоративни вредности на групацијата „Балфин“, симболично беше промовирана преку испраќање на 200 видеа од вработени во компанијатасобрани во групи преку „Jumping Rope“.Тоа симболично ја пренесе пораката за способноста да ги координира активностите и да ги извршува плановите, довербата и синергијата меѓу колегите, делење одговорности, преземање ризик и успешно остварување на целите, предизвиците и надминување на тешкотиите.

Балфин тим билдинг Балфин тим билдинг

Најновата лансирана кампања за вработените се однесува на вредноста „одговорност“, којашто се комбинира со доброволни иницијативи кои ќе бидат предложени и организирани од самите вработени, фокусирајќи се на помагање на луѓето кои имаат потреба од помош.

Обично групацијата „Балфин“ ги спроведува овие кампањи во форма на натпревар меѓу тимови во кој се вреднуваат и наградуваат најоригиналните идеи и најдобрите постигнати резултати.

Активности за зајакнување на тимскиот дух

Креативните и предизвикувачки игри се оние што ги покренуваат соработката и натпреварувачкиот дух. За оваа цел, групацијата „Балфин“ разви многу различни такви активности. На пример, една од нив е последната активност што ја организираше „Нептун“, првото издание на „Среќни тимови“ наречено „Предизвик“. Сите вработени во компанијата има право да учествуваат во првата фаза од овој настан во траење од 4 недели, организирани во тимови кои собираат поени од различни активности. Најдобро рангираните 8 тимови од првата фаза продолжија понатаму натпреварувајќи се меѓусебе во втората фаза во игри со лак и стрела и во популарната игра пиво-понг. Четирите тимови кои покажаа најдобри резултати во тимската работа и натпреварувачкиот дух добија четири награди-изненадување. Оваа практика ќе продолжи и ќе прерасне во нова годишна традиција за „Нептун“ и за останатите компании кои се дел од Групацијата.

Балфин тим билдинг

Балфин одбојка и култура

Здравиот начин на живот, спортувањето и посетувањето настани од културата исто така влијаат врз квалитетот на живот на вработените. Поради тоа, изминатите шест години редовно се организира Балфин шампионат во одбојка, вистинско натпреварување во одбојка меѓу 20 компании од Групацијатакое се одржува на вистински терени и со професионални судии. Од овој турнир излегува годишен шампионски тим и се делат награди за првите тимови и за најдобрите играчи. Секој тим задолжително мора да има и две жени од вработените во компанијата на теренот. Групацијата, исто така, обезбедува и театарски билети за вработените во текот на годините за да можат да бидат во допир со културниот живот.

Балфин тим билдинг Балфин тим билдинг

Балфин е најголемата и најиновативната инвестициска групација во Албанија и една од најголемите во регионот. Позната е по инвестициите во TEG, QTU, SEG, резиденцијалниот и комерцијалниот развој, туристички проекти како што се Грин кост ресорт (Green Coast Resort) и Вала Мар резиденс (Vala Mar Residences), во рударската индустрија со „Албхром“ (AlbChrome)иНевко Фероникели (Newco Ferronikeli), во банкарскиот сектор со Тирана Банк, како и во малопродажниот сектор преку „Нептун“, СПАР, „Џамбо“ и др.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11162 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.