Почетна » Новости » Занимливости » Сликата на Бенкси посветена на здравствените работници продадена за неверојатни 23 милиони долари

Сликата на Бенкси посветена на здравствените работници продадена за неверојатни 23 милиони долари

Сликата, која Бенкси им ја посвети на здравствените работници и ја донираше во болница, се продаде за вртоглави 23 милиони долари.

Дело на Бенкси Дело на Бенкси Дело на Бенкси

Делото на мистериозниот уметник, кое го носи името „Game Changer“ беше донирано во Универзитетската болница „Southampton“ во мај минатата година, за време на првиот бран на коронавирусот. На сликата е прикажано мало дете кое си игра со кукла, која е медицинска сестра, додека фигурите Бетмен и Спајдермен се ставени во корпа покрај момчето.

„Ви благодариме за сè што правите. Се надевам дека ова ќе ви го разведри просторот малку, иако е само во црна и бела боја“ – напишал Бенкси во порака за персоналот.

Парите од продажбата ќе бидат донирани за Универзитетската болница „Southampton“, како и за други здравствени и добротворни организации.

Дело на Бенкси Дело на Бенкси Дело на Бенкси Дело на Бенкси Дело на Бенкси Дело на Бенкси Дело на Бенкси

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11174 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.